Во текот на изминатата недела, Ф1 календарот изгуби четири трки одеднаш, вклучувајќи ја и Големата Награда на Азербејџан, каде до неодамна беше планирано да се започне 2020 сезоната. Вечерва на Ф1 фановите преку отворено писмо се обрати Чејс Кери, извршниот директор на Формула 1, во кое изрази надеж дека ќе се организира и одржи цела сезона оваа година.
"Оваа недела, десетте Ф1 тимови, Формула 1 и ФИА ги здружија силите, преземајќи брзи и одлучувачки активности како одговор на пандемијата на коронавирус. И, иако во моментот никој не знае кога точно ќе се подобри ситуацијата, таа дефинитивно ќе се подобри, а кога тоа ќе се случи, ние ќе бидеме подготвени да организираме трки. Сите ние се стремиме да им дадеме на фановите целосна 2020 сезона."
"Ние разбираме дека многу повеќе планирани трки може да бидат одложени, но ние и нашите партнери се надеваме дека сезоната ќе започне летово и ќе опфати 15-18 трки. Како што беше најавено, летна пауза е на располагање за трките, и очекуваме сезоната да заврши подоцна од првичниот датум на 29 Ноември. Во исто време, новиот 2020 календар значително ќе се разликува од оригиналниот календар за 2020 година."
"Засега е невозможно да се состави новиот 2020 календар, заради флуидната состојба со коронавирусот, но очекуваме да добиеме појасна слика за состојбата во текот на наредниот месец. Оваа состјба ни овозможува да го развиваме нашиот спорт, да пробуваме нови идеи."
"Зборуваме за зголемување на бројот на виртуелни трки, развој на иновативни содржини како серијалот на Нетфликс и други креативни идеи кои го зголемуваат интересот на спонзори, промотори, партнери за емитување, тимови и фанови, целиот екосистем на нашиот фантастичен спорт."
"Планираме и подготвени сме да се вратиме на патеките и да ја започнеме 2020 сезоната што е можно поскоро. Како и досега, ќе ги слушаме советите на официјалните лица и експертите од областа на здравството, бидејќи наш главен приоритет останува безбедноста и здравјето на нашите фанови и сите кои се дел од големото семејство на Формула 1."
"Уверени сме дека ќе се справиме со ова, дека претстојат подобри денови. И кога тоа ќе се случи, ние ќе се погрижиме секој што инвестирал во овој спорт на кое било ниво да се чувствува награден."
"Со почит, Чејс Кери."
ЧЕЈС КЕРИ СО ВОНРЕДНО ОБРАЌАЊЕ
3/23/2020 08:53:00 PM
0
Share to other apps