Следната 2021 година ќе го означи дефинитивното враќање на еден од најпознатите брендови во автомобилската индустрија, Астон Мартин, кој се враќа на гридот како фабрички Формула 1 тим, кој ќе продолжи да работи од својата база во Силверстон.
Во понеделникот на 30 Март, акционерите на „Астон Мартин Лагонда“ одобрија прибирање финансиски средства од 536 милиони фунти, поткрепена со инјекција од 260 милиони фунти нов капитал од конзорциумот „Yew Tree“, група инвеститори предводена од Лоренс Строл.
Како дел од оваа инвестиција, Лоренс Строл ќе стане извршен претседател на Астон Мартин, по што ќе биде формиран Формула 1 тимот на Астон Мартин. Добивките од враќањето во врвниот моторспорт се јасни. Промоција на брендот Астон Мартин на глобално ниво и зголемување на нивната база на клиенти, со помош на успешен Формула 1 тим.
Врвниот мотоспорт бара совршенство при дизајнирање, инженерство и иновација, а голем дел од добиените сознанија ќе бидат инкорпорирани во идните генерации на автомобили, особено во планираниот опсег на автомобили од средната класа. Таа работа е во тек со инженеринг тимови и работни групи, кои имаат за цел да ги постават темелите за успехот на тимот, развојот на автомобилите и промовирање на брендот на глобално ниво.
Целокупната Формула 1 заедница е во привремен застој поради коронавирусот. Планирањето за следната сезона е во тек и тимот редовно ќе не информира за развојот на настаните во месеците што следат.
ОФИЦИЈАЛИЗИРАНО ВРАЌАЊЕТО НА АСТОН МАРТИН ВО ФОРМУЛА 1
4/01/2020 06:26:00 PM
0
Share to other apps