Организаторите на Kанадското Гран При официјално соопштија дека трката, која требаше да се одржи на 14 Јуни, е одложена.
Можните датуми за нејзино презакажување се разгледуваат од страна на ФИА, Формула 1 и организаторите, но според одредени аналитичари, веројатноста за нејзино одржување во 2020 сезоната е мала.
Да се надеваме дека ова се само неточни шпекулации.
Следна трка од тековниот Ф1 календар е Големата Награда на Франција, што треба да се одржи на 26 Јуни. Формула 1 разговара со тимовите за неговата нова верзија.
Во врска со пандемијата која го смени животот во целиот свет, стигна соопштение од ФИА, Формула 1 и Тимовите дека задолжителната летна пауза која се помести за оваа пролет и требаше да трае три, се зголемува за уште две недели т.е. од 21 на 35 дена.
КАНАДСКОТО ГП ОФИЦИЈАЛНО ОДЛОЖЕНО
4/07/2020 09:17:00 PM
0
Share to other apps