Во интервју за Дер Стандард, консултантот на Ред Бул, Хелмут Марко, ги подгреа најновите шпекулации во Формула 1 околу почетокот на 2020 сезоната. Според него таа ќе започне на 5 Јули(Недела) со Големата Награда на Австрија, а веќе во средата ќе се одржи втора трка, а потоа ќе следуваат две или три трки во Силверстоун.
Хелмут Марко: "Во овој момент раководството на Формула 1 прави список на услови под кои би можело да стартува 2020 сезоната. Станува збор за трки без гледачи и сите се надеваме дека тоа ќе се случи. Шансите се големи, ефектот треба да биде огромен."
"Концептот за минимално влијание на Формула 1 врз епидемиолошката состојба на земјата домаќин вклучува збир на мерки за намалување на контактите. Како прво, бројот на луѓе што ќе пристигнат во Австрија ќе биде ограничен, тимовите ќе пристигнат без гости, вработени одговорни за рекламни услуги и специјалисти за односи со јавност и само со основната структура на инженери и механичари кои се вклучени за сервисирање и одржување на болидите."
"Ќе се обезбедат чартер авионски летови за тимските членови, кои ќе слетуваат на најблискиот аеродром до патеката и организирано ќе бидат однесени до специјално определени најблиски хотели. Мерките се строги, но овозможуваат да се започне сезоната. И, тогаш истата шема ќе се повтори на Силверстоун."
"Секој што ќе пристигне, прво ќе мора да се тестита за коронавирус или да помине двонеделен карантин, што е лесно остварливо со соодветно планирање."
"Прашањето за прием на новинарите сè уште не е решено, но, најверојатно нема да им биде дозволено да присустваат на патеката, освен неопходните ТВ екипи, затоа што главниот фокус ќе биде прикажување на трките преку интернет и на телевизиите."
"Ова ќе биде прва голема меѓународна спортска манифестација по избувнувањето на пандемијата, со огромен рекламен ефект и демонстрација на ефикасноста на австриската влада."
2020 СЕЗОНАТА СТАРТУВА СО ДВЕ ТРКИ ВО АВСТРИЈА?!?
4/20/2020 01:43:00 PM
0
Share to other apps