ТЕХНИЧКИ ПРОПИСИ
- Замрзнување на развојот на голем број на компоненти помеѓу 2020 и 2021 година. Тука спаѓаат шасијата, менувачот, голем број механички компоненти и "crash" структурите на болидот.
Создаден е систем на токени за да се овозможи многу ограничен број на модификации во согласност со специфичните потреби на конкурентите;
- Од 2020 година се ограничуваат надградбите на Погонските Единици;
- За 2021 година ќе се поедностави предниот дел на болидот, како и подот пред задните гуми, со цел да се ограничи зголемувањето на потисната сила помеѓу 2020 и 2021 година;
- За 2021 година, минимално се зголемува тежината на болидите на 749кг.
СПОРТСКИ ПРОПИСИ
- во 2020 година се воведуваат концептите на "затворени" и "отворени" викенди за Ф1 фановите. Во согласност со ова, регулиран е и бројот на вработени што тимовите можат да ги донесат на трката;
- разни измени во регулативата за 2020 година во врска со гумите. Во пракса тоа би значело дека петочните тренинг сесии му се ставаат на располагање на Пирели за тест и развој на Ф1 гумите;
- Со цел да се намалат трошоците се ограничува времето за тестирање во воздушните тунели и тестирање на ПЕ;
- Од 2021 година натамошно намалување на тестовите во воздушните тунели и воведување на временски ограничувања во зависност од позицијата на тимот во шампионатот.
Што подолу се наоѓа тимот на табелата во конструктори, тоа повеќе време ќе има на располагање за употреба на воздушните тунели;
- дефинирани се голем број специфични правила за 2022 сезоната како дополнување на претходно одобрените правила од 30 Март 2020 година.
ФИНАНСИСКИ ОГРАНИЧУВАЊА ВО 2021 ГОДИНА
Во 2021 година, буџетот на еден Ф1 тим се ограничува на 145 милиони долари, во 2022 година, 140 милиони долари и во 2023-2025 година, 135 милиони долари.Во тие ограничувања не влегуваат трошоците за здравствено осигурување на вработените, боледување, бенефиции за грижа за децата, трошоците за иницијативи за животна средина и програмите за помош на ФИА.
Во исто време, се направени измени во регулативите на ФИА кои ги дефинираат компонентите што тимовите можат да ги купат.
Одобрен е концепт кој ќе им овозможи на малите тимови да избегнуваат потреба од создавање и производство на такви компоненти кои ќе обезбедат вистинска заштеда.
Во исто време, преземените чекори нема да дозволат ситуација кога мал тим развива нешто за голем, за да ја заобиколи забраната за буџетски ограничувања.