Формула 1 соработуваше со властите на земјите домаќини и со организаторите на трките за да имаме што побезбедна средина за сите вклучени луѓе во еден тркачки викенд.
Петте главни принципи по кои ќе се организираат првите 8 трки од 2020 календарот се следните:
1. РЕДОВНО ТЕСТИРАЊЕ
Користејќи приватно тестирање, секој еден кој ќе присуствува на патеката, пред да патува, ќе биде тестиран за Ковид-19. На секој човек со негативен резултат ќе му биде дозволено да учествува на настанот.
Потоа, за време на тркачките викенди ќе има редовно тестирање, спроведено од приватни медицински тимови, заедно со дополнително скрининг тестирање. Исто така, пред настанот ќе бидат тестирани и сите локални работници.
2. ЗАТВОРЕНИ ТРКАЧКИ ВИКЕНДИ
Во овој првичен дел од 2020 календарот не се очекува да има публика на патеките, гости или партнери на Ф1 тимовите. Од Либерти медија се надеваат дека тоа ќе биде овозможено веднаш штом е безбедно да се стори тоа, но во меѓувреме трибините ќе бидат празни, а падокот ќе биде многу потивок од вообичаеното, со само минимален персонал доволен за фунционирање на тимовите.
3. МИНИМАЛЕН ПЕРСОНАЛ
Ќе има значително намалување на персоналот кој патува на трките од сите засегнати страни, вклучувајќи ги тимовите, ФИА, добавувачите и самата Ф1. За да се постигне ова, некои функции од тркачкиот викенд, како делови од телевизискиот пренос, ќе бидат извршени со далечинска контрола. Покрај тоа, од персонал на лице место ќе се бара да се изолираат во соодветните тимски единици и да не мешаат со други.
4. ИЗОЛИРАНО ПАТУВАЊЕ
Целиот персонал кој ќе учествува на трките, од кој секој ќе има и сертификат за негативен тест пред самото поаѓање, ќе патува на изолиран начин, со употреба на чартер летови и приватни трансфери помеѓу патеките, хотелите и аеродромите за да се обезбеди патување во ограничени кластери и се спречи каква било поширока интеракција со нетестираната јавност.
5. СОЦИЈАЛНО ДИСТАНЦИРАЊЕ
Ќе се спроведуваат мерки за социјално дистанцирање во Ф1 падокот и целата патека. Активностите пред и по трките, како што се националната химна, parc ferme, победничките подиуми, просториите за релаксирање, прес собите ќе бидат изменети за да се обезбеди безбедно растојание.
ПРВИТЕ ОСУМ ТРКИ ОД 2020 КАЛЕНДАРОТ СЕ
01. ГОЛЕМА НАГРАДА НА АВСТРИЈА
03-05 ЈУЛИ (РЕД БУЛ РИНГ)
01. ГОЛЕМА НАГРАДА НА АВСТРИЈА
03-05 ЈУЛИ (РЕД БУЛ РИНГ)
02. ГОЛЕМА НАГРАДА НА СТИРИЈА
10-12 ЈУЛИ (РЕД БУЛ РИНГ)
10-12 ЈУЛИ (РЕД БУЛ РИНГ)
03. ГОЛЕМА НАГРАДА НА УНГАРИЈА
17-19 ЈУЛИ (ХУНГАРОРИНГ)
17-19 ЈУЛИ (ХУНГАРОРИНГ)
04. ГОЛЕМА НАГРАДА НА БРИТАНИЈА
31 ЈУЛИ - 02 АВГУСТ (СИЛВЕРСТОУН)
31 ЈУЛИ - 02 АВГУСТ (СИЛВЕРСТОУН)
05. ЈУБИЛЕЈНА ТРКА 70 ГОДИНИ ФОРМУЛА 1
07-09 АВГУСТ (СИЛВЕРСТОУН)
07-09 АВГУСТ (СИЛВЕРСТОУН)
06. ГОЛЕМА НАГРАДА НА ШПАНИЈА
14-16 АВГУСТ (КАТАЛУЊА)
14-16 АВГУСТ (КАТАЛУЊА)
07. ГОЛЕМА НАГРАДА НА БЕЛГИЈА
28-30 АВГУСТ (СПА-ФРАНКОРШАМП)
28-30 АВГУСТ (СПА-ФРАНКОРШАМП)
08. ГОЛЕМА НАГРАДА НА ИТАЛИЈА
04-06 СЕПТЕМВРИ (МОНЦА)
ФИА и Формула 1, поради тековната флуидност на ситуацијата со коронавирусот, деталите за останатиот дел од 2020 календарот ќе ги финализираат во наредните неколку недели. Се очекува да имаме од 15-18 трки пред да крајот на сезоната во месец Декември.04-06 СЕПТЕМВРИ (МОНЦА)
Нацрт верзијата ја имате на следниот ЛИНК