Серџо Перез ќе го напушти тимот на Рејсинг Поинт на крајот на сезоната 2020, со што ќе се стави крај на неговата седумгодишна асоцијација со тимот од Силверстоун.
Во овие седум сезони, Серџо му помогна на тимот да постигне незаборавни подвизи, вклучително и пет пласмани на подиумот, повеќето од нив беа во спротивност со шансите.
Неговите резултати исто така му помогнаа на тимот, како Форс Индија, да забележи два последователни пласмани на 4-тото место во Шампионатот на Конструктори, во 2016 и 2017 година.
Отмар Шафнауер, извршен директор и тимски шеф на Рејсинг Поинт: "Чеко е дел од Силверстоун семејството веќе седум години и за тоа време стана еден од најкомплетните возачи на гридот. Блескаво брз во сабота и недела, тој ја воспостави својата репутација на жилав возач и заедно уживавме во фантастични моменти."
"Ако некогаш имаше и минимална шанса за подиум, Чеко беше подготвен да се нападне, а неговите пет подиуми претставуваат едни од најдобрите денови во историјата на овој тим."
"Приватно, Чеко е добар пријател и ми беше задоволство да работам со него толку долго време. Иако ќе се збогуваме на крајот на годината, остануваат уште девет трки и многу можности за Чеко да направи уште некои посебни
Серџо Перез: "Сè во животот има свој почеток и крај, и по седум години поминати во овој тим, по оваа сезона ќе заврши периодот на соработка со него."
"Малку ме боли, бидејќи му верував на овој тим во многу тешки моменти, успеавме заедно да ги надминеме сите препреки и горд сум што повеќепати сум ги спасил моите партнери кои можеа да останат без работа."
"Ќе ги чувам спомените за одличните моменти заедно, ќе го задржам пријателството, а исто така ќе се сеќавам дека секогаш давав се од себе."
"Засекогаш ќе го задржам чувството на благодарност за можноста што ми ја даде Виџеј Малија, бидејќи тој веруваше во мене во 2014 година и ми дозволи да ја продолжам кариерата во неговиот тим."
"Што се однесува до сегашното раководство, предводено од Лоренс Строл, им посакувам сè најдобро, особено со нивниот иден проект Астон Мартин Ф1. Немам резервен план."
"Имам намера да продолжам да се натпреварувам во Формула 1, но тоа ќе зависи од тоа дали е можно да се најде опција при која ќе ја чувствувам истата желба да го дадам најдобро од мене во секој круг."
"Сакам да им се заблагодарам на сите што сте со мене овие 10 години, моето семејство, кое секогаш ме поддржувало, без оглед што ќе се случи."
"Благодарност до сите спонзори кои веруваа во мене, моето опкружување и пред се Бог, кој ме благослови и ми даде можност да ја искусам оваа неверојатна авантура, која се вика Формула 1."
"Се надевам дека наскоро ќе можам да ви донесам убави вести, но за сега предлагам да уживаме заедно на претстојните трки. Сите сте во моето срце!"
ОФИЦИЈАЛНО: СЕРЏО ПЕРЕЗ ГО НАПУШТА РЕЈСИНГ ПОИНТ
9/09/2020 11:19:00 PM
0
Share to other apps



