Според инженерите на Пирели најбрзата стратегија за денешната трка, која се состои од 66 круга е со едно застанување во бокс за промена на пневматиците, но со релативно малата акција на тренинг сесиите на оваа нова патека, директна последица е недостаток на податоци во однос на абењето и нивото на деградација, па да се предвиди најдобрата стратегија е потешко од вообичаеното.
Новиот асфалт на патеката Алгарве е многу мазен и нуди слаб грип, но, тој би требало да продолжи да се зголемува во текот на целата трка.
Двата Мерцедеси ги поставија своите најдобри Q2 времиња на жолтите гуми, што значи дека тоа е смешата на која ќе ја започнат трката. Возачот на Ферари, Чарлс Леклер, дополнително помина низ Q2 на медиум гумите, додека сите останати од Топ 10 пласманот ќе стартуваат на црвените гуми.
Теоретски, најбрзата стратегија се состои од почетен стинт од 32 круга на жолтите гуми, потоа завршен стинт на белите гуми. Се разбира, може да се примени и спротивното, со почетен стинт на белите, за потоа да се премине на жолтите гуми по 34 круга.
Втора најбрза стратегија е почетен стинт од 18 круга на црвените гуми, а потоа бели гуми во последните 48 круга.
Стратегијата со две застанувања за промена на гуми е побавна, но сепак е возможна опција ако пониските температури придонесат за грејнинг на пневматиците. Во овој случај, најдобрата опција би била црвени(14 круга)-жолти(26)-жолти(26). Како и обично, температурата на асфалтот ќе има големо влијание на стратегијата.
Марио Изола, Пирели: "Имаме една интересна варијација во однос на стратегијата, возачите на Мерцедес АМГ на првиот стартен ред, како и Ферарито на Чарлс Леклер на четвртата позиција, трката ќе ја започнат на медиум смешата, истата на која беше забележано времето за Пол позицијата. Ќе биде фасцинантно да се види која предност можат да ја искористат возачите кои ќе ја користат оваа смеша."
"Со налетите на ветер и слепите свиоци, Алгарве е далеку од лесна патека. Така, би можеле да имаме непредвидлива трка, каде менаџирањето со гумите, најтврдите во нашата палета, што беше вистинскиот избор, како што покажаа квалификациските сесии и нивното одржување во вистинскиот температурен прозорец ќе биде од суштинско значење при релативно ладното време и услови на слаб грип."
"На квалификациите видовме дека патеката стана малку побавна во последниот дел од Q3 сесијата. Со овие опаѓачки температури на асфалтот, заедно со налетите на ветер, видовме како возачите на Мерцедес АМГ, како и Алекс Албон од Ред Бул се одлучија за жолтите гуми за време на одлучувачките кругови."
"Со релативно непозната патека и недостаток на тркачки симулации за време на вториот тренинг, тешко е да се идентификуваат вистинските разлики во перформансите помеѓу гумите, како и нивото на абење и деградација, што за возврат го отежнува предвидувањето на оптималните стратегии за трката."
2020 ГОЛЕМА НАГРАДА НА ПОРТУГАЛИЈА СТАРТЕН РЕДОСЛЕД |
|
1. ЛУИС ХАМИЛТОН - МЕРЦЕДЕС АМГ | |
2. ВАЛТЕРИ БОТАС - МЕРЦЕДЕС АМГ | |
3. МАКС ВЕРСТАПЕН - РЕД БУЛ | |
4. ЧАРЛС ЛЕКЛЕР - ФЕРАРИ | |
5. СЕРЏО ПЕРЕЗ - РЕЈСИНГ ПОИНТ | |
6. АЛЕКС АЛБОН - РЕД БУЛ | |
7. КАРЛОС САИНЦ ЈР. - МЕКЛАРЕН | |
8. ЛАНДО НОРИС - МЕКЛАРЕН | |
9. ПЈЕР ГАСЛИ - АЛФАТАУРИ | |
10. ДАНИЕЛ РИКИАРДО - РЕНО | |
11. ЕСТЕБАН ОКОН - РЕНО | |
12. ЛЕНС СТРОЛ - РЕЈСИНГ ПОИНТ | |
13. ДАНИЕЛ КВЈАТ - АЛФАТАУРИ | |
14. ЏОРЏ РАСЕЛ - ВИЛИЈАМС | |
15. СЕБАСТИЈАН ВЕТЕЛ - ФЕРАРИ | |
16. КИМИ РАИКОНЕН - АЛФА РОМЕО | |
17. АНТОНИО ЏОВИНАЦИ - АЛФА РОМЕО | |
18. РОМАН ГРОЖАН - ХАС | |
19. КЕВИН МАГНУСЕН - ХАС | |
20. НИКОЛАС ЛАТИФИ - ВИЛИЈАМС | |
@МкФормула1 - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИА @MkFormula1 - REPUBLIC OF MACEDONIA |