За овој викенд Формула 1, по повеќе од една деценија, се враќа на Имола, опасна патека на која животот го загуби легендарниот Аиртон Сена. По последната посета од страна на Ф1 карванот во 2006 година, таа е модернизирана и изменета, под надзор на архитектонското биро на Херман Тилке, што значи дека наверојатно ја направиле досадна патека, како и сите нивни дизајни. Да почекаме, дали праксата ќе го потврди тоа. Во 2015 година, кога промоторите на Гран при на Италија во Монца имаа финансиски проблеми, Имола се обиде да ја преземе трката, но во последен момент владата ја поддржа Монца.
Скратениот формат на викендот пред се беше разултат на логистичките тешкотии при транспортот на опремата од Портимао до Имола, па така возачите ќе имаат една тренинг сесија во сабота наутро, со траење од еден и пол час, попладнето следуваат квалификациите, а во недела, трката.
Имола е мал град источно од Апенините, во центарот на сè што е поврзано со моторните спортови во Италија, недалеку од фабриките на Ферари, Ламборџини, Масерати. Од самиот почеток, организаторите планираа да имаме публика на трибините, но со влошување на епидемиолошката состојба, буквално во последен момент беше одлучено вратите на Имола да останат затворени. Фановите кои купиле билети ќе добијат целосен поврат на парите. Ова беше последна можност за трка со публика за оваа 2020 сезона, бидејќи следните четири трки во Турција, Бахреин и Абу Даби, исто така, ќе се одржат без гледачи.
На Имола ќе имаме само една ДРС-зона |
Со 21 свиок и краток стартен правец од само 358 метри, патеката е многу техничка и има потреба од навистина ефикасно моторно кочење од сите видови. Не случајно, Енцо Ферари ја нарече "Mал Нирбургринг."
Невообичаено, движењето на Имола е спротивно од стрелките на часовникот, а на места ширината на патеката е прилично тесна, што го прави претекнувањето незгодно и става голем акцент на стратегијата во трката. Последниот тим во Формула 1 што возеше на Имола беше АлфаТаури, кој ја користеше патеката за нивниот филмски ден, во текот на летото пред сезоната 2020 повторно да започне во Австрија. Сепак, ова е првпат сегашната генерација на турбо хибридни болиди да се тркаат на оваа патека.
Патеката е реасфалтирана од последната трка во Ф1, што значи дека асфалтот е прилично мазен и не предизвикува премногу стрес врз гумите. Поради ова, инженерите на Пирели ги избраа смешите од средината на нивниот 2020 палета, соодветно прилагодени на просечните побарувања. Значи за Големата награда на Емилија Ромања како бели, жолти, црвени гуми ќе бидат користени смешите C2, C3 и C4 соодветно, избор што ќе се користи по осми пат оваа сезона
Временската прогнозата најавува релативно топло време за време на викендот во Имола со температури околу 18-от степен и минимална можност за дожд.
ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА ЗА ВИКЕНДОТ | |||
СЕСИЈА | ВРЕМЕ | ПРОГНОЗА | |
ТРЕНИНГ 1 | / | / | |
ТРЕНИНГ 2 | / | / | |
ТРЕНИНГ 3 | 10:00-11:30 MK | Сончево, 16/20°C | |
КВАЛИФИКАЦИИ | 14:00-15:00 MK | Сончево, 18/20°C | |
ТРКА | 13:10 MK | Наизменични Облаци, 18/19°C |
|
Извор: Accuweather | |||
@МкФормула1 - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА @MkFormula1 - REPUBLIC OF MACEDONIA |
ТОЧКА НА НАЈГОЛЕМО ОПТЕРЕТУВАЊЕ НА СОПИРАЧКИТЕ.
Според техничарите на Брембо, патеката Имола е оценета како просечна за сопирачките. На скала од 1 до 5, индексот на тежина е 3, исто како Муџело, но еден индексен поен помалку од Монца. Од осум точки за сопирање на оваа патека, четири се класифицирани како предизвикувачки за сопирачките, две се со средна тешкотија и две се лесни.Најтешкиот дел за сопирање е 18-от свиок, кога болидите од 309км/ч намалуваат до 145км/ч за време од 1.62 секунди и растојание од само 96 метри. За да го сторат тоа, од возачите се бара да нанесат товар од 137 кг на педалот на сопирачките и да се подложат на сила од 5.6Г при забавувањето. На претстојната трка, лесно е остварливо да биде и теоретски потврдена шампионската титула кај конструкторите, а за тоа Мерцедес АМГ треба да забележи 11 поени повеќе од Ред Бул. Од последните седум трки, овој услов беше исполнет во шест, па Мерцедес АМГ најверојатно со себе ќе ги донесе победничките дресови посветени на седмата последователна титула во шампионатите на конструктори, исто така за прв пат во историјата на Формула 1.
Временскиот распоред е со Квалификациите во Сабота, 14:00 часот и Трка, Недела, во 13:10 часот по Македонско време. Подетално на следниот ЛИНК.