Ф1 карванот по трет пат оваа сезона ја посетува Италија, сега на патеката Имола која остана подзаборавена во поновата историја на врвниот мотоспорт. Се наоѓа во срцето на регионот Емилија-Ромања, а последен пат беше домаќин на трка во април 2006 година. Само Кими Раиконен од сегашните возачи беше на стартниот грид тој ден.
Кога сме веќе кај "ICEMAN", да напоменеме дека тој вчера потпиша нов договор и останува во Алфа Ромео и следната сезона, заедно со неговиот тимски колега Антонио Џовинаци. Дали неговото искуство на оваа патека ќе му донесе некоја предност ќе покаже останатиот дел од скратениот викенд. Финецот заврши петти тука во 2006 година, а негов најдобар резултат е второто место во 2003 година. Заедно со двете места во Алфа Ромео, потврдено беше и тоа на Пјер Гасли во тимот на АлфаТаури. Повеќе околу новините, трансферите, календарот за 2021 сезоната имате на слендиот линк.

Најбрз на денешниот единствен тренинг за ГН на Емилија Ромања беше Луис Хамилтон со болидот на Мерцедес АМГ. Многу од круговите на возачите беа избришани, откако не ги почитуваа лимитите на патеката, кои беа мониторирани на 9-от и 15-от свиок, па возачите најверојатно ќе имаат забелешки на брифингот со Мајкл Маси.
Тоа беше проблем и за Себастијан Ветел, па затоа до последните моменти од сесијата се наоѓаше на последното место на табелата со време поставено на белите гуми, најтврдата смеша на Пирели за оваа патека. Сепак на крај се извлече со 12-тото набрзо време, во поредокот кој не дава реална слика на перфомансите на сите болиди, па би требало да не очекуваат добри квалификациски сесии.
Квалификациите започнуваат во 14:00 часот со директен пренос на Телевизија 24Вести.
2020 ЕМИЛИЈА РОМАЊА ГП - ТРЕНИНГ 1 | |||||
П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | КРУГ |
1 | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:14.726 | 46 | |
2 | Макс Ферстапен | Ред Бул | 1:15.023 | + 0.297 | 38 |
3 | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:15.218 | + 0.492 | 47 |
4 | Пјер Гасли | АлфаТаури | 1:15.633 | + 0.907 | 46 |
5 | Чарлс Леклер | Ферари | 1:15.688 | + 0.962 | 40 |
6 | Даниел Рикиардо | Рено | 1:15.839 | + 1.115 | 32 |
7 | Естебан Окон | Рено | 1:15.945 | + 1.219 | 43 |
8 | Даниел Квјат | АлфаТаури | 1:15.967 | + 1.240 | 47 |
9 | Алекс Албон | Ред Бул | 1:16.061 | + 1.335 | 41 |
10 | Ленс Строл | Рејсинг Поинт | 1:16.082 | + 1.356 | 42 |
11 | Серџо Перез | Рејсинг Поинт | 1:16.109 | + 1.383 | 41 |
12 | Себастијан Ветел | Ферари | 1:16.167 | + 1.441 | 40 |
13 | Роман Грожан | Хас | 1:16.550 | + 1.824 | 42 |
14 | Карлос Саинц Јр. | Мекларен | 1:16.560 | + 1.834 | 42 |
15 | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | 1:16.564 | + 1.838 | 33 |
16 | Ландо Норис | Мекларен | 1:16.671 | + 1.945 | 44 |
17 | Кими Раиконен | Алфа Ромео | 1:16.684 | + 1.958 | 43 |
18 | Џорџ Расел | Вилијамс | 1:16.780 | + 2.054 | 42 |
19 | Кевин Магнусен | Хас | 1:17.060 | + 2.334 | 45 |
20 | Николас Латифи | Вилијамс | 1:17.779 | + 3.053 | 28 |
ХИБРИДНА ЕРА - ИМОЛА 2020 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:14.726 |
|||||
@МкФормула1 - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА @MkFormula1 - REPUBLIC OF MACEDONIA |