Тајланѓанецот мораше да се задоволи со второто место, пред Чарлс Леклер и Пјер Гасли, единствениот кој од Топ 6 пласманот своето време го постави на медиум смешата, т.е жолтите гуми на Пирели, додека останатите своите времиња ги поставија на белите гуми. Возачите на Мерцедес АМГ премногу резервирани, Ботас заврши како деветти, а Хамилтон на ниската 15-та позиција.
"Толку е лизгаво што не можам да ја притиснам педалата за гас дури и на правците", се пожали во првите кругови Ландо Норис, кој денес наполни 21 година.
Во седмата минута тренингот беше прекинат и беа развеани црвените знамиња, откако Чарлс Леклер собори едно од пластичните столбчиња кои служат зa дистанцирање на патеката со влезот во боксевите.
Најмногу проблеми со својот болид имаше Карлос Саинц Јр. кој застана на патеката, предизвикувајќи период на ВБА. Во текот на целата сесија неговиот инженер го известуваше дека имаат мал проблем со електрониката, но останува да се види дали тоа е поврзано или пак Шпанецот наиде на други потешкотии, бидејќи по паркирањето покрај патеката пријави губење на хидрауликата на воланот.
Луис Хамилтон по два инсталациски круга на почетокот, кога патеката беше на места влажна, се врати во својата гаража, каде го помина поголемиот дел од времето, поради промена на сет-апот на неговиот болид. На патеката се врати во последните 15 минути.
Вториот тренинг за ГН на Турција започнува во 13:00 часот, кога ќе видиме порелевантен поредок на силите на Истанбул парк.
2020 ТУРСКО ГП - ТРЕНИНГ 1 | |||||
П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | КРУГ |
1 | Макс Ферстапен | Ред Бул | 1:35.077 | 29 | |
2 | Алекс Албон | Ред Бул | 1:35.318 | + 0.241 | 27 |
3 | Чарлс Леклер | Ферари | 1:35.507 | + 0.430 | 26 |
4 | Пјер Гасли | АлфаТаури | 1:35.543 | + 0.467 | 26 |
5 | Себастијан Ветел | Ферари | 1:35.620 | + 0.543 | 29 |
6 | Даниел Квјат | АлфаТаури | 1:37.738 | + 1.661 | 27 |
7 | Ландо Норис | Мекларен | 1:37.216 | + 2.139 | 21 |
8 | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | 1:37.503 | + 2.426 | 21 |
9 | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:37.629 | + 2.552 | 23 |
10 | Естебан Окон | Рено | 1:38.428 | + 3.351 | 23 |
11 | Николас Латифи | Вилијамс | 1:38.508 | + 3.431 | 18 |
12 | Серџо Перез | Рејсинг Поинт | 1:38.612 | + 3.535 | 22 |
13 | Ленс Строл | Рејсинг Поинт | 1:39.484 | + 4.407 | 21 |
14 | Роман Грожан | Хас | 1:40.025 | + 4.948 | 25 |
15 | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:40.225 | + 5.148 | 12 |
16 | Кими Раиконен | Алфа Ромео | 1:41.035 | + 5.958 | 23 |
17 | Кевин Магнусен | Хас | 1:41.854 | + 6.777 | 21 |
18 | Даниел Рикиардо | Рено | 1:45.462 | + 10.079 | 20 |
19 | Карлос Саинц Јр. | Мекларен | 1:46.725 | + 11.358 | 11 |
20 | Џорџ Расел | Вилијамс | 1:49.256 | + 14.179 | 17 |
ХИБРИДНА ЕРА - ИСТАНБУЛ ПАРК 2020 Макс Ферстапен - Ред Бул - 1:35.077 |
|||||
@МкФормула1 - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА @MkFormula1 - REPUBLIC OF MACEDONIA |