За двете трки во Бахреин, кои ќе се одржуваат на различни конфигурации на патеката Шахир, инженерите на Пирели ќе им ги донесат средните смеши од нивниот опсег, и тоа C2, C3 и C4.
За време на првата петочна сесија секој возач ќе добие дополнителен комплет C3 гуми кои се подготвуваат за 2021 сезоната.
Покрај Бахреин, возачите ќе можат да ги тестираат новите гуми за следната сезона и на трката за Големата Награда на Абу Даби, на втората тренинг сесија во петок, кога секој возач ќе добие C4 комплет гуми.
Марио Изола: "Ќе имаме извонредно искуство за време на двата тркачки викенда во Бахреин. Најинтересниот предизвик се очекува на трката за ГН на Шахир, бидејќи претходно не сме се тркале на оваа конфигурација, иако таа користи половина од стандардната патека."
"Веќе собравме некои податоци на симулаторот, но сега треба да ги почекаме реалните бројки за да се процени абењето и деградацијата на гумите за да се предвиди стратегијата."
"За оваа година во Бахреин носиме еден чекор помеки смеши, што отвора повеќе опции за стратегија. Покрај тоа, возачите ќе можат да ја тестираат 2021 C3 смешата за време на првиот петочен тренинг."
"Овој викенд, заедно со Формула 1, на патеката се враќа и Формула 2, каде на последните две трки од шампионатот ќе се решава исходот за Титулата."
ВО БАХРЕИН ВОЗАЧИТЕ ЌЕ ТЕСТИРААТ ГУМИ ЗА 2021 ГОДИНА
11/25/2020 11:46:00 AM
0
Share to other apps