Меѓународната патека во Бахреин го има еден од најгрубите асфалти во сезоната, што како резултат може да доведе до поголема деградација на гумите. Десеттиот свиок е еден од најтешките во календарот, па затоа честопати гледаме грешки во овој сегмент на патеката.
Тото Волф: "Се осврнуваме кон Бахреин и враќање на позната патека. Секогаш претставува интересен предизвик, поради варијацијата во условите на патеката и температурите помеѓу сесиите."
"Т1 и Т3 се одржуваат на потопли дневни температури, но Т2, квалификациите и трката се одвиваат во поладна вечерна клима. Ова го прави предизвик подесувањето на болидот и собирањето на вистинските податоци."
"Во минатото имавме силни настапи во Бахреин и тоа е патека што секогаш приредува интересни трки. Двете титули можеби се веќе решени, но сепак ќе го дадеме најдоброто од себе и со интерес ќе ја следиме интересната битка за П3 во шампионатот."
ТОТО ВОЛФ - ЗБОР, ДВА ЗА БАХРЕИН ГРАН ПРИ
11/24/2020 08:17:00 PM
0
Share to other apps