Според техничарите на Брембо, Меѓународната патеката Бахреин е оценета како една од најпредизвикувачките кога се работи за сопирачките. На скала од 1 до 5, индексот на тежина е 4, исто како легендарниот Нирбургринг, Монца и СПА-Франкоршамп.
За разлика од минатите трки, кои се одржуваа во Март или Април, температурите ќе бидат повисоки, па затоа и степенот на механички грип ќе порасне.
Од осум точки за сопирање на оваа патека, три се класифицирани како предизвикувачки за сопирачките, четири се со средна тешкотија и преостанатата една е лесна.
Најтешкиот дел за сопирање е првиот свиок, кога болидите од 337км/ч намалуваат до 83км/ч за време од 2.44 секунди и растојание од само 122 метри.
За да го сторат тоа, од возачите се бара да нанесат товар од 172 кг на педалот на сопирачките и да се подложат на сила од 5.5Г при забавувањето.
Временскиот распоред е со Квалификациите во Сабота, 15:00 часот и Трка, Недела, во 15:10 часот по Македонско време. Подетално на следниот ЛИНК.
ТОЧКА НА НАЈГОЛЕМО ОПТЕРЕТУВАЊЕ НА СОПИРАЧКИТЕ.
11/25/2020 05:55:00 PM
0
Share to other apps