Пресметувањето на разликите во перформанси помеѓу донесените смеши и оптималните стратегии за трката за Големата награда на Емилија Ромања која се состои од 63 круга не беше лесно, бидејќи тимовите немаат претходно искуство на оваа патека и имаше само една, 90-минутна, тренинг сесија.
Оваа сесија се одржа од 10:00-11:30 часот, што значи дека нема да биде целосно репрезентативна за потоплите попладневни услови за трката. Со компаративен недостаток на податоци, првичните информации сугерираат дека стратегијата за едно или две застанувања во бокс може да биде разумно блиско. Како резултат на тоа на трката можеби ќе видиме различни стратегии, во обид на тимовите да добијат тактичка предност од правење нешто поразлично.
Во моментов, според пресметките на инженерите на Пирели разликата помеѓу белите и жолтите гуми е околу 0.5 секунди, додека таа изнесува 0.6 секунди помеѓу жолтите и црвените. Возачите на Мерцедес АМГ, како и Макс Ферстапен ги поставија своите најдобри Q2 времиња на жолтите гуми, па следствено на тоа трката ќе ја започнат на тој сет на гуми.
Теоретски, најбрзата стратегија е со едно застанување во бокс и се состои од почетен стинт од 28-30 круга на црвените гуми, потоа завршен стинт од 33-35 круга на жолтите гуми. Се разбира, може да се примени и спротивното, со почетен стинт на жолтите, за потоа да се премине на црвените гуми.
Многу блиска по перформансите е стратегијата со почетен стинт од 24-27 круга на црвените гуми, а потоа бели гуми во последните 36-39 круга. Секако, оваа стратегија може да се примени и со обратен редослед на гумите.
Трета најбрза стратегија е со примена на жолтите гуми за почетен стинт од 26-35 кругови и потоа завршен стинт на белите гуми од 28-37 кругови. Предноста на оваа стратегија е во тоа што има поширок прозорец за пит стоп. Стратегијата со две застанувања е побавна, но најдобрата е со два стинта на црвени гуми од по 18 круга, плус еден стинт на жолтите од 27 круга.
Марио Изола, Пирели: "Тимовите беа во можност да го соберат поголемиот дел од податоците што им беа потребни за гумите од единствената 90-минутна тренинг сесија, во некои случаи, со поделба на програмите за проценка на гумите на нивните два болида."
"Сепак, сè уште има значително помалку податоци за гумите отколку што би имало од „конвенционалниот“ викенд, што остава некои прашалници во однос на стратегијата за трката и отвора уште неколку опции, особено со патеката која постојано се развива."
"Синоќа, тимовите имаа поголема работа од вообичаената, анализирајќи ги разликите во перформансите помеѓу смешите и разработувајќи како тоа може да се претвори во оптимална стратегија за трката."
"Што се однесува до гумите, имавме појава на мал грејнинг во текот на раниот дел од денот, но состојбата се подобри како и што се очекуваше со повеќе возење. Изгледа дека сите три смеши ќе играат важна улога во трката и ние сме задоволни од нивните перформанси."
2020 ГОЛЕМА НАГРАДА НА ЕМИЛИЈА РОМАЊА СТАРТЕН РЕДОСЛЕД |
|
1. ВАЛТЕРИ БОТАС - МЕРЦЕДЕС АМГ | |
2. ЛУИС ХАМИЛТОН - МЕРЦЕДЕС АМГ | |
3. МАКС ВЕРСТАПЕН - РЕД БУЛ | |
4. ПЈЕР ГАСЛИ - АЛФАТАУРИ | |
5. ДАНИЕЛ РИКИАРДО - РЕНО | |
6. АЛЕКС АЛБОН - РЕД БУЛ | |
7. ЧАРЛС ЛЕКЛЕР - ФЕРАРИ | |
8. ДАНИЕЛ КВЈАТ - АЛФАТАУРИ | |
9. ЛАНДО НОРИС - МЕКЛАРЕН | |
10. КАРЛОС САИНЦ ЈР. - МЕКЛАРЕН | |
11. СЕРЏО ПЕРЕЗ - РЕЈСИНГ ПОИНТ | |
12. ЕСТЕБАН ОКОН - РЕНО | |
13. ЏОРЏ РАСЕЛ - ВИЛИЈАМС | |
14. СЕБАСТИЈАН ВЕТЕЛ - ФЕРАРИ | |
15. ЛЕНС СТРОЛ - РЕЈСИНГ ПОИНТ | |
16. РОМАН ГРОЖАН - ХАС | |
17. КЕВИН МАГНУСЕН - ХАС | |
18. КИМИ РАИКОНЕН - АЛФА РОМЕО | |
19. НИКОЛАС ЛАТИФИ - ВИЛИЈАМС | |
20. АНТОНИО ЏОВИНАЦИ - АЛФА РОМЕО | |
@МкФормула1 - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИА @MkFormula1 - REPUBLIC OF MACEDONIA |