Многумина во падокот се прашуваат дали Холанѓанецот може да парира на возачите на црните стрели или пак се е во лежерноста со која Мерцедес АМГ пристапи во Турција.
Леклер и Ботас го заокружија Топ 3 пласманот, во она што изгледаше како неверојатно тесна борба, нешто што посакуваме да биде потврдено во текот на утрешниот ден.
Попладневниот тренинг обично се совпаѓа со времето на започнување на трката, но во Турција распоредот е поинаков, во 15 часот, по лолално време кога започна втората сесија, трката веќе ќе биде завршена во недела. Како и утрината имаше бројни извртувања на патеката, но без сериозни последици.
Возачите ја започнаа сесијата со проценка на гумите на долги стинтови, за постепено да се префрлаат на помеките смеши и квалификациски кругови. Општ заклучок беше дека црвените гуми брзо се гранулираат, губејќи ја ефикасноста.
Квалификациитe за ГН на Турција започнуваат во 13:00 часот, со директен пренос на ТВ 24Вести.
2020 ТУРСКО ГП - ТРЕНИНГ 2 | |||||
П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | КРУГ |
1 | Макс Ферстапен | Ред Бул | 1:28.330 | 37 | |
2 | Чарлс Леклер | Ферари | 1:28.731 | + 0.401 | 45 |
3 | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:28.905 | + 0.575 | 42 |
4 | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:29.180 | + 0.850 | 39 |
5 | Алекс Албон | Ред Бул | 1:29.363 | + 1.033 | 42 |
6 | Даниел Квјат | АлфаТаури | 1:29.689 | + 1.359 | 43 |
7 | Пјер Гасли | АлфаТаури | 1:29.944 | + 1.614 | 43 |
8 | Себастијан Ветел | Ферари | 1:30.022 | + 1.692 | 41 |
9 | Ленс Строл | Рејсинг Поинт | 1:30.297 | + 1.967 | 37 |
10 | Ландо Норис | Мекларен | 1:30.907 | + 2.577 | 39 |
11 | Серџо Перез | Рејсинг Поинт | 1:31.104 | + 2.774 | 38 |
12 | Естебан Окон | Рено | 1:31.380 | + 3.050 | 36 |
13 | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | 1:31.493 | + 3.163 | 39 |
14 | Карлос Саинц Јр. | Мекларен | 1:31.498 | + 3.168 | 40 |
15 | Даниел Рикиардо | Рено | 1:31.660 | + 3.330 | 35 |
16 | Кими Раиконен | Алфа Ромео | 1:31.932 | + 3.602 | 43 |
17 | Џорџ Расел | Вилијамс | 1:32.302 | + 3.972 | 39 |
18 | Роман Грожан | Хас | 1:32.570 | + 4.240 | 33 |
19 | Кевин Магнусен | Хас | 1:32.807 | + 4.477 | 37 |
20 | Николас Латифи | Вилијамс | 1:33.488 | + 5.158 | 40 |
ХИБРИДНА ЕРА - ИСТАНБУЛ ПАРК 2020 Макс Ферстапен - Ред Бул - 1:28.330 |
|||||
@МкФормула1 - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА @MkFormula1 - REPUBLIC OF MACEDONIA |