Луис Хамилтон загубил тригодишен спор со швајцарска компанија за часовници SWATCH, која ги поседува правата на трговската марка Хамилтон.
Луис се обиде да ја спречи Хамилтон Интернешнл да ја регистрира својата марка во Европа, но Европската канцеларија за интелектуална сопственост застана на страната на производителот на часовници, бидејќи брендот Хамилтон постои од 19 век.
Пресудата нагласува дека часовникот на оваа марка го носеле многу познати личности, вклучувајќи го и Елвис Присли, а тоа било многу пред да се роди идниот шампион.
Фирмата Хамилтон е основана на крајот на 19 век во САД, но во 2003 година седиштето се пресели во Швајцарија. Во 2007 година, компанијата стана дел од групацијата SWATCH.
НЕ Е СО ВО ПАРИТЕ, ИМА НЕШТО И ВО ПРАВАТА
11/20/2020 10:08:00 PM
0
Share to other apps