Името на Луис Хамилтон, седумкратен Ф1 Шампион, е вклучено во списокот на граѓани на Обединетото Кралство на кои ќе им биде доделена витешка титула.
Според лондонскиот таблоид "Сан", сега нема никаква пречка за тоа, бидејќи даночните обврски на возачот на Мерцедес АМГ се во добра состојба, а владиниот комитет за награди го поддржа ова. Тој е номиниран за неговиот огромен придонес во спортот.
И покрај фактот што Луис Хамилтон живее во Монако, тој е еден од 5000-те најголеми даночни обврзници во Велика Британија. Веднаш по Големата Награда на Турција, кога ја обезбеди седмата титула, кралицата Елизабета му честиташе преку официјалната твитер страница на Кралското семејство.
ЛУИС ХАМИЛТОН ЌЕ ДОБИЕ ВИТЕШКА ТИТУЛА
11/22/2020 01:26:00 PM
0
Share to other apps