Кевин Бенавидес исто така се запиша во историјата како прв јужноамерикански победник во категоријата на мотоцикли, додека еден од неговите сонародници, Аргентинецот Мануел Андухар, беше победник во категоријата на квадови.
Како и во 2019 година, во категоријата лесни возила доминираше чилеанецот "Шалеко" Лопез. Што се однесува до категоријата на камиони, целиот подиум беше резервиран за КАМАЗ, а Русинот Димитриј Сотников ја забележа својата прва титула.
Конечно, во категоријата Дакар Класик, која го имаше своето прво издание и во која учествуваа автомобили од 20-тиот век, победник беше Марк Датон зад воланот на "Санхил Баги".
Петерхансел со оваа победа го држи рекордот на најголем број победи во една категорија, осум победи кај автомобилите, рекорд кој досега го држеше заедно со Владимир Чагин, освојувач на седум титули во категоријата на камиони.
"Беше навистина тешко оваа година и секогаш има поголем притисок кога сте лидер толку долго. Имавме навистина прецизна трка, скоро совршена. Работата во автомобилот беше навистина добра, добро е чувството да седи Едуар (Буланџер) покрај мене. Ова беше неговиот прв Дакар во врвен автомобил и заврши одлична работа."
Во категоријата камиони, Сотников конечно ја запишa својата прва титула по две втори места во 2017 и 2019 година со врвен перформанс кој вклучуваше пет етапни победи.
"Сè уште не можам да верувам дека победивме. Одиме кон оваа победа веќе неколку години, постепено се приближувавме кон неа. Сега сум многу среќен, горд сум на сите момци."
Шпанката Лаја Санц го задржа својот извонреден рекорд на завршување на секој Дакар и повторно беше најдобро пласирана жена моторџија, 11-ти пат по ред.
2021 ДАКАР РЕЛИ ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН |
|||||
П. | РБ | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА |
АВТОМОБИЛИ | |||||
1 | 302 | STÉPHANE PETERHANSEL EDOUARD BOULANGER | X-RAID MINI JCW TEAM | 44:28.11 | |
2 | 301 | NASSER AL-ATTIYAH MATTHIEU BAUMEL | TOYOTA GAZOO RACING | + 00:13.51 | |
3 | 300 | CARLOS SAINZ LUCAS CRUZ | X-RAID MINI JCW TEAM | + 01:00.57 | |
4 | 307 | JAKUB PRZYGONSKI TIMO GOTTSCHALK | ORLEN TEAM/OVERDRIVE | + 02:35.03 | |
5 | 311 | NANI ROMA ALEXANDRE WINOCQ | BAHRAIN RAID XTREME | + 03:21.48 | |
МОТОРЦИКЛИ | |||||
1 | 47 | KEVIN BENAVIDES | MONSTER ENERGY HONDA TEAM 2021 | 47:18.14 | |
2 | 1 | RICKY BRABEC | MONSTER ENERGY HONDA TEAM 2021 | + 00:04.56 | |
3 | 5 | SAM SUNDERLAND | RED BULL KTM FACTORY TEAM | + 00:15.57 | |
4 | 21 | DANIEL SANDERS | KTM FACTORY TEAM | + 00:38.52 | |
5 | 9 | SKYLER HOWES | BAS DAKAR KTM RACING TEAM | + 00:52.33 | |
КАМИОНИ | |||||
1 | 507 | DMITRY SOTNIKOV RUSLAN AKHMADEEV ILGIZ AKHMETZIANOV | KAMAZ-MASTER | 48:23.21 | |
2 | 501 | ANTON SHIBALOV DMITRII NIKITIN IVAN TATARINOV | KAMAZ-MASTER | + 00:39.58 | |
3 | 509 | AIRAT MARDEEV DMITRIY SVISTUNOV AKHMET GALIAUTDINOV | KAMAZ-MASTER | + 01:14.35 | |
4 | 503 | MARTIN MACIK FRANTISEK TOMASEK DAVID SVANDA | BIG SHOCK RACING | + 01:45.51 | |
5 | 504 | ALES LOPRAIS PETR POKORA KHALID ALKENDI | INSTAFOREX LOPRAIS PRAGA | + 02:00.31 | |
6 | 505 | ALIAKSEI VISHNEUSKI MAKSIM NOVIKAU SIARHEI SACHUK | MAZ-SPORTAUTO | + 02:16.32 | |
КВАДОВИ | |||||
1 | 154 | MANUEL ANDUJAR | 7240 TEAM | 60:28.29 | |
2 | 159 | GIOVANNI ENRICO | ENRICO RACING TEAM | + 00:33.44 | |
3 | 163 | PABLO COPETTI | MX DEVESA BY BERTA | + 03:00.58 | |
4 | 155 | KAMIL WISNIEWSKI | ORLEN TEAM | + 06:50.05 | |
5 | 153 | TOMÁŠ KUBIENA | STORY RACING S.R.O. | + 07:11.45 | |
ПОБЕДНИЦИ ПО ЕТАПИ АВТОМОБИЛИ
0 NASSER AL-ATTIYAH - TOYOTA GAZOO RACING
1 CARLOS SAINZ - X-RAID MINI JCW TEAM
2 NASSER AL-ATTIYAH - TOYOTA GAZOO RACING
3 NASSER AL-ATTIYAH - TOYOTA GAZOO RACING
4 NASSER AL-ATTIYAH - TOYOTA GAZOO RACING
5 GINIEL DE VILLIERS - TOYOTA GAZOO RACING
6 CARLOS SAINZ - X-RAID MINI JCW TEAM
7 YAZEED AL RAJHI - OVERDRIVE TOYOTA
8 NASSER AL-ATTIYAH - TOYOTA GAZOO RACING
9 STÉPHANE PETERHANSEL - X-RAID MINI JCW TEAM
10 YAZEED AL RAJHI - OVERDRIVE TOYOTA
11 NASSER AL-ATTIYAH - TOYOTA GAZOO RACING
12 CARLOS SAINZ - X-RAID MINI JCW TEAM
ПОБЕДНИК НА 2021 ДАКАР РЕЛИ
STÉPHANE PETERHANSEL - X-RAID MINI JCW TEAM |
|||||
@МкФормула1 - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА @MkFormula1 - REPUBLIC OF MACEDONIA |