Вчера во Маранело заврши програмата "Девојки на патека - Ѕвезди во подем", организирана од ФИА во соработка со Академијата за возачи на Ферари.
Во текот на изминатите пет дена, кандидките, Џулија Ајуб, 15, Антонела Басани, 14, Доријан Пин и Маја Вуг, двете по 16 години, ја поминаа истата програма како и сите кандидати за место во програмата за млади возачи.
Девојчињата се справија со низа тестови, се следеше нивната брзина на реакција и издржливост, нивниот став, физичките карактеристики и менталната соодветност на животот под висок притисок како спортист, како на патеката, така и надвор од него.
Покрај тоа, тие тренираа на симулаторот на Ферари, додека последните два дена излегоа на патеката Фиорано во Ф4 болид опремени со истите гуми на Пирели како што се користеа во италијанскиот шампионат.
Како спомен на програмата, Пирели организираше потпишување на гума од сите инволвирани, вклучително и тимскиот шеф на Ферари, Матија Биното, спортскиот директор Лоран Мекис, шеф на младинската академија, Марко Матаса и претседателот на ФИА комисијата за жени во моторспортот, Мишел Мутон.
Новиот возач на Ферари, Карлос Саинц Јр., се сретна со натпреварувачките и ја искажа неговата поддршка.
Изминатите 5 дена беа последниот чекор од многу долгиот процес со кој почетната група девојки, избрани од 145 национални авто-мото сојузи, постепено се намалуваше низ различни фази на избор во Франција на патеката Пол Рикар, за на крајот да останат четири финалистки.
Кандидатките сега ќе ја чекаат одлуката на техничката комисија за возачи на Ферари.
Победникот, кој треба да се приклучи на Академијата за Возачи на Ферари, ќе биде објавен на социјални медиуми на Ферари и ФИА во петок, 22 јануари во 16:30 часот.

Наш фаворит е Маја Вуг!!!