Познатиот италијански новинар Лео Турини на свој начин ја коментираше веста за претстојниот трансфер на Давиде Бривио во Алпин Ф1, фабричкиот тим на Рено, и направи паралела помеѓу ова назначување и ситуацијата во неговото сакано Ферари.
"Пред извесно време го споредив Шпанецот Џоан Мир, МотоГП шампион за фабричкиот тим Сузуки, со Фернандо Алонсо. Секако, во тој момент не знаев дека се подготвува операција за пренесување на Давиде Бривио од Сузуки во Рено."
"Драго ми е за овој професионалец, кого не сум го запознал, но сите секогаш зборуваа многу добро за него. Интересно е што Лука де Мео, новиот шеф на Рено, е толку активно вклучен во Алпин проектот, ова е вид на лидер што го посакувам за Ферари, таа личност треба да го сака тркањето, а не само автомобилите што ги прави компанијата."
"Џон Елкан, претседателот на Ферари, не сака тркање и има право на тоа. Сепак, тој може да биде добар претседател ако се опкружува со луѓе кои можат да го надоместат неговиот недостаток на страст. Но, ситуацијата во која сега се наоѓа Скудерија Ферари е резултат на грешките направени во текот на десет години. Елкан има врска со тоа, но би било неправедно да го направиме жртвено јагне."
"Сопствениците на Ферари не се задоволни од резултатите на патеката. Но, сосема друго прашање е дали тие разбираат што точно се бара за да се победи. Јас не барам нешто целосно нереално, за мене би било доволно доколку претседателот на Ферари барем смета дека приоритет е победа на трките."
"На тимот на Ферари никогаш проблем не биле финансиите. Но, човечкиот капитал во Маранело беше занемарен во последните десет години. И ќе биде крајно тешко да се обнови."
ЛЕО ТУРИНИ ЗА ТРАНСФЕРОТ НА БРИВИО И СИТУАЦИЈАТА ВО ФЕРАРИ
1/08/2021 09:58:00 PM
0
Share to other apps