Карлос Саинц, иако губи повеќе од 40 минути во генералниот пласман од лидерот на Дакар релито, неговиот тимски колега, Стефан Петерхансел, не мисли да се предаде и денес извојува повеќе од убедлива победа на 6-тата етапа.
Екипажот на Саинц финишираше повеќе од седум минути пред Петерхансел и Насер Ал-Атија, рангиран на второто место во генералниот пласман. Шпанецот и неговиот совозач Лукас Круз избегнаа грешки при навигацијата, што во голема мера ги попречуваше на претходните етапи и, можеби, ќе имаа уште поголема предност, доколку организаторите не решија да ја намалат денешната етапа.
Ако зборуваме за губитници на денот, тогаш мора да го споменеме Себастијан Леб, деветкратниот рели шампион, кој изгуби многу време поради дефект на амортизацијата. Тој и неговиот совозач Даниел Хелена не можеа сами да го решат проблемот, па мораа да почекаат да пристигне возилото за техничка поддршка.
Искусниот Шпанец Џоан Бареда, со Хонда, го освои првото место во класата на моторцикли, но во генералниот пласман го зазема само 7-то место, а во водство е Австралиецот Тоби Прајс, возач на фабричката екипа на КТМ.
Во категоријата квад, Александар Жиру, управувајќи Јамаха, извојува уште една победа, но тој е трет по шест етапи, губејќи над 45 минути од Николас Кавиљасо.
Камионите на КАМАЗ продолжуваат да доминираат во својата категорија, а денес екипажот на Ајрат Мардеев беше најбрз, но триото на Димитриј Сотников загуби само нешто повеќе од една минута. Третото место го имаше екипажот на Антон Шибалов кој загуби четири минути од лидерите.
Екипажот на Димитриј Сотников самоуверено водат во генералниот пласман, а нивната предност пред екипажот на Антон Шибалов надминува 37 минути. Денес и официјално беше крај за белорускиот екипаж на МАЗ-СПОРТАУТО, предводен од Сергеј Вјазович. Вчера имаа технички потешкотии со нивниот камион, кои се покажа дека се толку сериозни што мораа да се откажат од понатамошната борба.
Топ три вкупни резултати во секоја категорија:
АВТОМОБИЛИ
1 302 STÉPHANE PETERHANSEL/EDOUARD BOULANGER
X-RAID MINI JCW TEAM
22:14.03
2 301 NASSER AL-ATTIYAH/MATTHIEU BAUMEL
TOYOTA GAZOO RACING
22:19.56
+ 00:05.53
3 300 CARLOS SAINZ/LUCAS CRUZ
X-RAID MINI JCW TEAM
22:54.42
+ 00:40.39
МОТОРЦИКЛИ
1 3 TOBY PRICE
RED BULL KTM FACTORY TEAM
24:08.43
2 47 KEVIN BENAVIDES
MONSTER ENERGY HONDA TEAM 2021
24:10.59
+ 00:02.16
3 4 JOSE IGNACIO CORNEJO FLORIMO
MONSTER ENERGY HONDA TEAM 2021
24:11.40
+ 00:02.57
КАМИОНИ
1 507 DMITRY SOTNIKOV/RUSLAN AKHMADEEV/ILGIZ AKHMETZIANOV
KAMAZ-MASTER
24:26.18
2 501 ANTON SHIBALOV/DMITRII NIKITIN/IVAN TATARINOV
KAMAZ-MASTER
25:03.52
+ 00:37.34
3 509 AIRAT MARDEEV/DMITRIY SVISTUNOV/AKHMET GALIAUTDINOV
BIG SHOCK RACING
25:28.01
+ 01:01.43
КВАДОВИ
1 150 NICOLAS CAVIGLIASSO
DRAG'ON RALLY TEAM
29:15.55
2 154 MANUEL ANDUJAR
7240 TEAM
29:49.13
+ 00:33.18
3 152 ALEXANDRE GIROUD
TEAM GIROUD
30:01.17
+ 00:50.19
ЕЛ МАТАДОР ПОБЕДНИК НА ШЕСТАТА ЕТАПА
1/08/2021 09:01:00 PM
0
Share to other apps