Седум возачи на Ферари на патеката Фиорано, во текот на пет дена, поминуваа повеќе од 1500 километри. Најважниот аспект на тестот беше да им се даде можност на нивните први возачи, Карлос Саинц Јр. и Чарлс Леклер, да го почувствуваат тркањето по зимската пауза.
За момците на Ферари академијата за возачи тоа беше уште една можност да доживеат возење на Формула 1 болид. Тестот за Карлос Саинц Јр. и Маркус Армстронг беше прва шанса да го искусат 2018 болидот на Ферари, бидејќи Шпанецот дебитираше за својот нов тим, а Новозеланѓанецот за прв пат "доживеа" болид на Формула 1.
За Џулијано Алези, тестот претставува проштален подарок, бидејќи неговото време со FDA заврши. Сите возачи беа среќни што се вратија на патеката, да се подготват што е можно подобро за претстојната сезона.
2021 ФИОРАНО ТЕСТ СЕСИЈАТА НИЗ ФОТОГРАФИИ
2/04/2021 02:37:00 PM
0
Share to other apps