Денешниот состанок на ФИА комисијата за Формула 1 се очекуваше дека ќе донесе повеќе детали за она што веќе се знаеше, но испадна дека се воделе само позитивни дискусии на голем број клучни теми, но финалните детали кои се однесуваат на идните спортски, технички и финансиски регулативи, како и идната насока на регулативата на ПЕ дополнително ќе се разгледаат во наредна прилика.
Календар за 2021 сезоната
Комисијата била информирана за намерата на Формула 1 да ја пополни третата позицијата од тековниот календар со трка во Портимао, Португалија. Конечната потврда сè уште е предмет на договор со промоторот.
Робусните протоколи предизвикани од пандемијата со коронавирусот ќе продолжат да се применуваат и во 2021 година, па затоа е потребна флексибилност од страна на ФИА и Формула 1 на сите нивоа на организација за да се осигура дека календарот оди според планираното.
Предложени измени во правилата
Со цел да се овозможи подобаро тестирање и развој на 18" гуми во текот на 2021 година, ФИА, по барањето на Пирели, предложи да се зголеми бројот на тест денови од 25 на 30. Овој предлог беше прифатен едногласно.
Преглед на клучните цели за следната генерација на Ф1 болиди и очекувања до 2025 година.
Имавме значаен развој на настаните, кој според ФИА го одразува единството и духот на соработка помеѓу нив, Формула 1 и тимовите, со едногласната подршка за замрзнување на развојот на погонските единици од почетокот на 2022 година.
Формирана е работна група, составена од тековните и потенцијални производители на ПЕ и добавувачи на гориво.
Дефиницијата на целите за следната генерација на Ф1 болиди и ПЕ е од најголемо значење за ФИА и Формула 1, и заедно со тимовите и производителите на ПЕ, постои силно усогласување со вкупните цели, особено потребата да се намалат трошоците и да се достигне целосна јаглеродна неутралност на горивата.
Клучните цели за 2025 погонските единици се:
- Зачувување на животната средина, како и социјална и автомобилска релевантност;
- Целосно "зелено" гориво;
- Создавање моќна и впечатлива погонска единица;
- Значително намалување на трошоците;
- Атрактивност за нови производители на погонски единици;
Акредитација за зачувување на животната средина
ФИА е задоволна што Формула 1 и голем број тимови постигнаа највисоко ниво на ФИА акредитацијата за зачувување на животната средина. Сите тимови треба да го достигнат највисокото ниво на акредитација во текот на следните години, и оваа цел да биде интегрирана во Спортските правила на Формула 1.
Контрола на трошоците
Бидејќи во 2021 година за прв пат се воведува ограничување на трошоците во Формула 1, за време на состанокот беа изложени разни теми околу начинот на контролира на истите во текот на следните години. Како дел од ова, ќе се создаде работна група, вклучително и самите возачи, да разговараат за нивните договори, како и големите позиции во тимовите.
Формат на тркачкиот викенд (спринт квалификациони трки)
Сите тимови ја препознаа големата важност во придобивање фанови со нови и иновативни начини кои ќе обезбедат повозбудлив формат на тркачкиот викенд. Затоа, сите страни дадоа подршка за новиот формат на квалификации на некои трки, па работна група е задолжена да креира комплетен план со цел да донесе конечна одлука пред почетокот на шампионатот во 2021 година.
ЗАКЛУЧОЦИ НА КОМИСИЈАТА ЗА ФОРМУЛА 1
2/11/2021 07:30:00 PM
0
Share to other apps