Формула Е лансираше нов натпревар во виртуелниот мотоспорт, ФОРМУЛА Е: ЗАБРЗУВАЊЕ, во кој учествуваат 24 натпреварувачи кои се менторирани од тимови и возачи од реалниот шампионат. Натпреварот ја вклучува една од најконкурентните постави во овој вид на тркање.
Ерхан Јајовски во боите на Вентури Рејсинг уште еднаш покажа доминација над остатокот од гридот со беспрекорна победа на пристанишната патека во Хонг Конг.
Фредерик Расмусен го забележа својот прв пласман на победничкиот подиум и најбрзиот круг во трката, а во последните неколку круга изврши огромен притисоко врз македонецот, но немаше храброст, но пред се и шанса за претекнување.
Кевин Сиги продолжува во конзистентната форма со својот втор последователен пласман на подиумот, освојувајќи позиција за време на неговиот прв сегмент на користење на режимот за напад.
На секоја виртуелна трка и претходат квалификации, Пол позицијата му припадна на Јајовски, со Топ 3 пласман во разлика од само 0.050 делови од секундата.
По две трки, македонецот е на водечката позиција во генералниот пласман, со 56 поени, 25 повеќе од најблискиот ривал Кевин Сиги и Фредерик Расмусен кој со 21 поен е на третото место.
Еден од фаворитите, Мануел Бјанколила е дисквалификуван од трката откако ја премина целта, со нецелосно искористен режим за напад.
Наградите вклучуваат удел од минимум 100.000 евра награден фонд, а шампионот ќе добие можност да вози болид на Формула Е од втората генерација.
Ерхан Јајовски: "Успеав да создадам разлика на почетокот и мислев дека тоа ќе го задржи Расмусен зад мене, но кон крајот тој беше навистина агресивен на патеката. Сигурно имаше заштедено енергија на почетокот и беше веднаш зад мене во последните неколку свиоци. Јас сум навистина задоволен со П1!"
Фредерик Расмусен: "Квалификациите беа добри со освојување на втората позиција. На стартот од трката, во првиот свиок, сакав само да ја обезбедам својата позиција и да не заработам оштетување на болидот. Потоа започнав да заштедувам енергија и го забележав најбрзиот круг. Се обидов да нападнам кон крајот, но не успеав да го престигнам Ерхан и мораше да се задоволам со второто место."
Кевин Сиги: "Добро е... Не е победата што ја посакував, но третото место е солиден резултат и ми носи бодови за второто место во генералниот пласман. Квалификациите можеа да бидат подобри ако не беше последниот свиок. Хонг Конг е многу предизвикувачки и сите се супер брзи на оваа патека и јас имав проблеми со управливоста. Среќен сум со завршницата на подиумот и ќе дадам се од себе за да имам подобар резултат следниот пат."
ЕРХАН ДОМИНАНТЕН НА ПАТЕКАТА ВО ХОНГ КОНГ
2/05/2021 05:12:00 PM
0
Share to other apps