Пред една недела најавивме дека комисијата на ФИА за Формула 1 ќе има нов состанок на 11 Февруари, на кој се очекува да бидат донесени клучни одлуки во врска со иднината на шампионатот.
Германскиот АМУС, излезе со најнови шпекулации дека забраната за развој на Ф1 погонските единици ќе биде воведен од 2022 година, додека новата генерација на ПЕ ќе биде воведена во 2025 година.
Како резултат на тоа, тимовите на Ред Бул и АлфаТаури ќе можат да ги реализираат своите планови и самостојно да ги користат Хонда ПЕ, откако компанијата ќе го напушти шампионатот.
Сепак, преговорите за трансфер на интелектуална сопственост на јапонскиот автомобилски гигант кон тимот на Ред Бул не поминале непречено како што се пишуваше.
Наводно, до Хонда стигнале гласини дека Ауди планира да стане снабдувач на мотори во 2025 година, а управата на Хонда сакала да добие гаранции дека во случај на соработка со Ред Бул, германската компанија нема да има пристап до јапонската технологија.
Доколку Комисијата за Формула 1 го одобри замрзнувањето на развојот на ПЕ, почнувајќи од 2022 година, од сите производители ќе се бара да користат 2021 ПЕ кои се изменети за да користат Е10 гориво.
Во исто време, останува прашањето како да се изедначи моќноста на ПЕ од различни производители. Се очекува во правилата да биде изготвена клаузула според која разликата во моќноста на моторот не треба да надминува два проценти, што е околу 20 КС. Доколку разликата е поголема, тогаш се предлагаат две опции за да се отстрани, од кои секоја допрва треба да се дискутира.
Според првата опција, производителите на ПЕ кои заостануваат ќе имаат можност да ги модифицираат своите ПЕ, но доколку Хонда ПЕ продолжи да биде инфериорна во однос на ривалите, оваа опција не одговара на Ред Бул, бидејќи тимот нема соодветните специјалисти.
Втората опција е поедноставна, да им се дозволи на тимовите кои користат "дефицитарни" ПЕ да користат повеќе гориво во своите болиди, но ова е во спротивност со концептот на Формула 1, насочен кон грижа за животната средина.
Стефано Доменикали, новиот извршен директор на Формула 1, го поддржува замрзнувањето на развојот на ПЕ и се надева дека сите тимови ќе разберат дека тоа е вистинскиот чекор не само за Ред Бул, туку и за целата Формула 1.
2022 СЕЗОНАТА НОСИ ИЗЕДНАЧЕНИ ПОГОНСКИ ЕДИНИЦИ
2/06/2021 08:25:00 PM
0
Tags
Share to other apps