Последните неколку денови се зголемија шпекулациите дека Луис Хамилтон и Мерцедес АМГ постигнале договор, секако никој и не очекуваше поразличен исход од ова.
Како порелевантни ќе ги земеме гласините објавени во германските медиуми, како најблиски на Мерцедес-Бенц.
Според нив, едната верзија е дека на Луис му бил понуден договор за две сезони со опција за трета. Според втората верзија договорот е само за 2021 година со можност за продолжување до 2022 година.
Во исто време, платата на Луис нема да се промени во споредба со претходниот договор и ќе изнесува околу 40 милиони евра годишно. Поради тоа, Мерцедес АМГ излегол во пресрет на барањата на Британецот со овозможување на две рекламни места на кацигата и тркачкиот комбинезон.
Покрај тоа, речиси сите извори на гласини се единствени во едно нешто дека Хамилтон инсистирал на клаузула од договорот, со која тој ќе има право на вето при избор на нов тимски колега. Наводно, Луис под нити еден услов не сакал да вози во ист тим со Макс Ферстапен.
ХАМИЛТОН СЕ ПЛАШИ ОД МАКС ФЕРСТАПЕН!?!
2/06/2021 09:08:00 PM
0
Share to other apps