Пред сезонската тест сесија заврши, а следниот викенд не очекува почетокот на новата 2021 сезона во Формула 1. Не очекува, ама нема да можеме да гледаме официјални преноси на некоја од нашите телевизии во Македонија.
На помалку од 7 дена до почетокот на Големата Награда на Бахреин едно е сигурно, само корисниците на кабловските оператори кои во својата програмска шема ги нудат каналите на СпортКлуб, секако и тој на Хрватски јазик кој се емитува во Македонија, ќе гледаат Формула 1.
По само три тест дена пред стартот на новата 2021 сезона, кои се одвиваа на патеката Сакир во Бахреин, се чини дека најбрзите два тима од минатата сезона остануваат најголеми фаворити за Победничкиот подиум.
Ред Бул се покажа во извонредна форма, за разлика од Мерцедес АМГ, чија програма остана недоречена, со многу проблеми, но во сите анкети никој од фановите не верува ни малку на нивните изјави, кои според нив се очигледни и веќе излитени лаги!!!
На помалку од 7 дена до почетокот на Големата Награда на Бахреин едно е сигурно, само корисниците на кабловските оператори кои во својата програмска шема ги нудат каналите на СпортКлуб, секако и тој на Хрватски јазик кој се емитува во Македонија, ќе гледаат Формула 1.
По само три тест дена пред стартот на новата 2021 сезона, кои се одвиваа на патеката Сакир во Бахреин, се чини дека најбрзите два тима од минатата сезона остануваат најголеми фаворити за Победничкиот подиум.
Ред Бул се покажа во извонредна форма, за разлика од Мерцедес АМГ, чија програма остана недоречена, со многу проблеми, но во сите анкети никој од фановите не верува ни малку на нивните изјави, кои според нив се очигледни и веќе излитени лаги!!!
Во добро светло се покажа и тимот на Мекларен кој ќе ја демне секоја нивна грешка за пласман на највисокото скалило. Пред оваа сезона Британците ги отпуштија Французите, а како нивна замена дојде најдобрата ПЕ во моментот, таа на Мерцедес.
Нема многу промени во регулативата од минатата сезона, а највидлива модификација на 2021 болидите е во подвозјето, промена која претставуваше најголем проблем за дизајнерите, односно нарушениот протокот на воздух кој допринесува за помала потисна сила.
На видеото што следува, Џејмс Алисон објаснува подетално за новините на оваа тема. Превод на македонси јазик.
ПИРЕЛИ - Тимовите на располагање имаат три номинации за секој тркачки викенд, од кои една од најтврдите смеши е задолжителна за користење во трката, а најмеката во Q3 сегментот на квалификациите. Се ова се прави за поголем број на можни стратегии за тимовите, со тоа и поинтересни трки.
За 2021 година гумите се за 2,75 кг потешки од минатата сезона, поради зајакнување на нивната конструкција, како би се справиле со се поголемата моќ на Формула 1 болидите.
Новите правила имаа за цел намалување на потисната сила за 10%, но според инженерите на Пирели тимовите веќе пронашле начин да вратат 6%, па очекуваат времиња во близина на минатогодишните, за разлика од најавуваните 2-3 секунди побавни болиди.
ПОГОНСКИ ЕДИНИЦИ - За новата сезона беше дозволен развој на комплетно нови погонски единици, но во текот на сезоната тимовите ќе имаат само една можност за надградба, а од следната сезона комплетно ќе биде забранет нивниот развој.
ПЕ се комплексни и составени од повеќе компоненти, а правилата диктираат колку компоненти може да се користат во текот на една сезона. Со закажани 23 трки, секој тим на располагање ќе има:
- 3 мотори;
- 3 колектори на кинетичката енергија од сопирачките;
- 3 Турбини;
- 3 колектори на кинетичка енергија од издувните гасови;
- 2 Акумулатори за електрична енергија;
- 2 контролни единици(компјутери);
Тимовите можат да ги употребуваат дозволените компоненти во текот на целата сезона, на која било трка, но доколку треба да се искористи нова компонента надвор од дозволените тоа ќе резултира со казна во облик на губење стартни позиции.
Деловите на ПЕ не може да се менуваат откако ќе започнат квалификациите. Ако на возачот му треба нова компонента по квалификациите, тој возач ќе добие казна или може да се бара да започне од последниот ред на гридот. Во одредени случаи и старт од пит-линијата
ТВ ПРЕНОС на некоја од Македонските Телевизии ќе НЕМА, како што засега стојат работите. Надежта последна умира, па ние се уште се надеваме на изненадување во последен момент.
Не се сеќаваме на година во која Формула 1 не се емитувала на некоја од Македонските телевизии, но за се има прв пат, за жал на Ф1 фановите.
Сепак, дел од Ф1 фановите, Формула 1 ќе може да гледаат на PAY TV, т.е. на кабловските оператори кои во својата програмска шема го нудат СпортКлуб каналот.
Во областите каде нема покривање со кабелски оператори, но и корисниците на еден од најголемите оператори А1, кој од оваа година се реши да ги укине СпортКлуб каналите, ќе се снајдуваат секој на свој начин.
Со тоа на минимум 50% од територијата на Македонија нема легален начин за следење ТВ преноси од Формула 1!!!
Дури и за официјалната страница на Формула 1 и преносите преку Ф1 ТВ-ја на претплата не постоиме. Останува да се снајдуваме со стримови на интернет.
Според нашето искуство најквалитетна слика нудат AcePlayer линковите. Еве кратко упатство за употреба на оваа апликација.
ЧЕКОР 1 Симнете и инсталирајте AcePlayer. ЛИНК
ЧЕКОР 2 Откако е инсталирана апликацијата, за внесување на линковите кликате на јазичето Media, од чие под мени го избирате Open Network Stream по што се појавува прозорец како на втората слика подолу.
ЧЕКОР 3. Во полето Please enter a network URL внесувате линк и кликнувате на PLAY. Ако имате послаба интернет врска ќе треба да почекате додека се вчита преносот.
П.С. Ако не се снајдете сами за линкови, ние ќе настојуваме да ги постираме во нашата VIBER група пред почетокот на тренинг сесиите, квалификации, трка. (линковите изгледаат вака - 85a03d598977c647258d66011dd50aefda46c055)
На крај сите сакаме да знаеме кој ќе победи во Бахреин? Но пред се сакаме да гледаме интересна, интензивна, возбудлива борба за Победатата, нешто за кое сме ускратени во последните сезони со доминацијата на Мерцедес АМГ, кои имаат дизајнирано чудо од болид. Единствена надеж за оваа сезона е тимот на Ред Бул за кого се надеваме дека конечно ќе се спротистави на болидите на политички зацрнетите стрели.