Џорџ Расел го наследи Роман Грожан како директор на Здружението на возачи на Формула 1 (GPDA). Британецот се придружи на Себастијан Ветел кој е вториот директор на ова здружение, додека Претседател останува Алекс Вурц. Роман Грожан останува како советник.
"Почестен сум и привилегиран да бидам директор на GPDA. Ја ценам поддршката од моите колеги возачи кои ми ја доверија оваа позиција и свесен сум за одговорноста што ја носи. Во текот на шест децении од своето постоење, GPDA беше составен дел за поддршка и обликување на безбедноста на Формула 1."
На крајот на годината, на Луис Хамилтон и Валтери Ботас им истекуваат договорите со Мерцедес АМГ. Британецот се смета за еден од кандидатите за замена.
"Мојот однос со Мерцедес АМГ и Тото Волф е посилен од кога било. Совршено се свесни за мојата ситуација и знаат дека сакам да се борам за победи и титули. Минатата година во Бахреин, тие видоа за што сум способен."
"Сега треба да се фокусирам на моите задачи и да не им го одвлекувам вниманието. Јас работам со Мерцедес веќе шест години, тие станаа второ семејство за мене, и ако се случи преминот во тимот, тоа ќе се случи природно."
"Одлуката ќе биде донесена најдоцна до летната пауза во август, бидејќи е важна за сите вклучени страни, Мерцедес АМГ, Вилијамс и возачите. Ако не се случи ништо катастрофално во следните шест месеци, во Мерцедес АМГ ќе ја знаат нивната ситуација и мојата."
"Секоја година станувам посилен и верувам дека веќе се искачив на нивото каде што сум подготвен да се борам за победи и титули. Да видиме како ќе се одвиваат работите. Формула 1 е забавна работа и јас не земам ништо здраво за готово."
"Пред минатогодишната трка во Бахреин, не знаев што да очекувам и не очекував Луис да ми каже нешто по завршувањето. Во исто време, не знам како би се чувствувал ако некој ми го заземе местото во Вилијамс."
"Минатата сезона беше многу исцрпувачка, особено од психолошка гледна точка. Почнав да работам со психолог и разговарав со него на секои шест недели. Добро е што имав со кого да разговарам. Не е важно што работите, сите имаме проблеми и нема ништо лошо во барањето стручна помош. Мажите сметаат дека психолошките проблеми се слабост, но тоа воопшто не е случај. Часовите со психолог ви помагаат да се разберете себеси и да ве направат посилни."
"На социјалните мрежи престанав да читам за сè што се однесува за Формула 1, бидејќи претходно кога ќе наидев на работи со кои не се согласувам, тоа не ми донесе ништо позитивно. Подобро ми е без сето тоа."
ЏОРЏ РАСЕЛ, ДИРЕКТОР НА GPDA, НАЛЕТО ЧЕКА ПОВИК ОД МЕРЦЕДЕС АМГ
3/23/2021 11:25:00 AM
0
Share to other apps