Мерцедес АМГ во саботата и неделата го надополни изгубеното време, но проблемите, особено со нестабилноста на задниот дел од болидот продолжија, па ако го земеме времето на Хамилтон како најбрзо за Мерцедес АМГ и одземеме по половина секунда за потврдата смеша и цела секунда за корекција на гориво, бидејќи тој никогаш не беше во можност да го забележи најдоброто време, доаѓаат тука некаде со тимот од Милтон Кинс.
Очигледно, Ред Бул е во одлична форма, Хонда ПЕ не покажуваше знаци на несигурност, а тоа најдобро се покажа и преку одличните пласмани на возачите на АлфаТаури.
Пред да започнат тестовите, се веруваше дека сезоната за Ред Бул може да се нарече успешна доколку победат на повеќе од две трки и можат да се натпреваруваат со Мерцедес АМГ на повеќето трки. Трите тест дена во Бахреин му дадоа на тимот надеж за повеќе, особено во позадината на проблемите на Мерцедес АМГ.
Покрај тоа, тие имаат одлична возачка постава, што би требало да им овозможи со двајцата возачи да се во равенките за конечниот пласман, не само со еден.
Пак доаѓаме до проблемите на Мерцедес АМГ, дали тие се вистински или резултат на "sandbagging". Според повеќето аналитичари покрај патеката, на лице место, нивните проблеми беа вистински.
W12 e пргав и тешко се контролира, нешто што можевме да го видиме и од ТВ екраните. Е сега дали Мерцедес АМГ ќе ги има истите проблеми откако ќе започне сезоната е друго прашање.
Историски гледано, во изминатите сезони, раководните луѓе во Мерцедес АМГ секогаш имаат тенденција да "замачкуваат" очи на јавноста, но и на своите инженери, тактика која им носи повеќе новитети и подобрувања, со право би ги рангирале на исто ниво со Ред Бул.
Во сезона со минимален број на тест денови, ретко кој може точно да ги дешифрира вистинските перформанси на секој од тимовите. Дури и Пирели, со комплетната телеметрија од сите болиди, по прв пат, не беше во можност да ја каже разликата помеѓу нивните смеши. Единствено рекоа дека се релативно сигурни дека разликата помеѓу C2 и C3 смешата e 0.5 делови од секундата.
Следува тимот на Мекларен, иновативното поставување на менувачот најави дека нивните инженери задолжени за аеродинамиката се одличен тим. MCL35M беше стабилен на патеката, а ПЕ на Мерцедес ги стави на чекор зад Ред Бул, но сепак клиентски тим е секогаш клиентски тим, па мислиме дека не може да бидат подобри од сребрените, т.е. црните стрели во овие две сезони.
Останатите тимови се каша-попара. Тука се Ферари, Алпин, АлфаТаури и Алфа Ромео. Секој од нив ќе се покаже во добро светло на патека која најмногу им одговара. И покрај најавите дека Италијанците ги решиле повеќето мани на SF1000, нема знаци дека може да се надеваат на нешто повеќе од борба во средниот ред.
Невозможно е да се каже, нема никакво навестување дека новата ПЕ на Ферари, која се наоѓа и во болидите на Алфа Ромео, ќе им овозможи борба за нешто повеќе, но ова беше чекор во вистинската насока.
Се разбира двата најслаби тима се Вилијамс и Хас, додека најголемата непознаница е тимот на Астон Мартин, кој има брзина, но нивната тест програма не беше спроведена нити половина од замисленото, а нивните инженери не се научени да мислат со своја глава, па не знаеме колку ќе бдат во можност да се поправат до почетокот на сезоната.
2021 БАХРЕИН ТЕСТ СЕСИЈА - КОРЕГИРАНИ ВРЕМИЊА(C4) | |||||
П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | СМЕША |
1 | Макс Ферстапен | Ред Бул | 1:28.960 | C4 | |
2 | Јуки Цунода | АлфаТаури | 1:29.453 | + 0.493 | C4 |
3 | Карлос Саинц Јр. | Ферари | 1:29.611 | + 0.651 | C4 |
4 | Даниел Рикиардо | Мекларен | 1:30.144 | + 1.184 | C4 |
5 | Кими Раиконен | Алфа Ромео | 1:30.167 | + 1.207 | C4 |
6 | Серџо Перез | Ред Бул | 1:30.187 | + 1.227 | C4 |
7 | Фернандо Алонсо | Алпин | 1:30.318 | + 1.358 | C4 |
8 | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:30.425 | + 1.465 | C4 |
9 | Ленс Строл | Астон Мартин | 1:30.460 | + 1.500 | C4 |
10 | Чарлс Леклерк | Ферари | 1:30.486 | + 1.526 | C4 |
11 | Џорџ Расел | Вилијамс | 1:30.517 | + 1.557 | C4 |
12 | Ландо Норис | Мекларен | 1:30.586 | + 1.626 | C4 |
13 | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:30.689 | + 1.729 | C4 |
14 | Пјер Гасли | АлфаТаури | 1:30.815 | + 1.855 | C4 |
15 | Естебан Окон | Алпин | 1:31.146 | + 2.186 | C4 |
16 | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | 1:31.160 | + 2.200 | C4 |
17 | Никита Мазепин | Хас | 1:31.531 | + 2.571 | C4 |
18 | Мик Шумахер | Хас | 1:31.653 | + 2.693 | C4 |
19 | Николас Латифи | Вилијамс | 1:31.672 | + 2.712 | C4 |
20 | Себастијан Ветел | Астон Мартин | 1:33.742 | + 4.782 | П |
21 | Рој Нисани | Вилијамс | 1:34.389 | + 5.429 | C4 |
@МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia |
2021 БАХРЕИН ТЕСТ СЕСИЈА - ЗБИРНИ ВРЕМИЊА | |||||
П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | СМЕША |
1 | Макс Ферстапен | Ред Бул | 1:28.960 | C4 | |
2 | Јуки Цунода | АлфаТаури | 1:29.053 | + 0.093 | C5 |
3 | Карлос Саинц Јр. | Ферари | 1:29.611 | + 0.651 | C4 |
4 | Кими Раиконен | Алфа Ромео | 1:29.767 | + 0.806 | C5 |
5 | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:30.025 | + 1.065 | C5 |
6 | Џорџ Расел | Вилијамс | 1:30.117 | + 1.157 | C5 |
7 | Даниел Рикиардо | Мекларен | 1:30.144 | + 1.184 | C4 |
8 | Серџо Перез | Ред Бул | 1:30.187 | + 1.227 | C4 |
9 | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:30.289 | + 1.329 | C5 |
10 | Фернандо Алонсо | Алпин | 1:30.318 | + 1.358 | C4 |
11 | Пјер Гасли | АлфаТаури | 1:30.415 | + 1.453 | C5 |
12 | Ленс Строл | Астон Мартин | 1:30.460 | + 1.500 | C5 |
13 | Чарлс Леклерк | Ферари | 1:30.486 | + 1.526 | C3 |
14 | Ландо Норис | Мекларен | 1:30.586 | + 1.626 | C4 |
15 | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | 1:30.760 | + 1.800 | C5 |
16 | Естебан Окон | Алпин | 1:31.146 | + 2.186 | C4 |
17 | Никита Мазепин | Хас | 1:31.531 | + 2.571 | C4 |
18 | Николас Латифи | Вилијамс | 1:31.672 | + 2.712 | C4 |
19 | Мик Шумахер | Хас | 1:32.053 | + 3.093 | C3 |
20 | Себастијан Ветел | Астон Мартин | 1:33.742 | + 4.782 | П |
21 | Рој Нисани | Вилијамс | 1:34.789 | + 5.829 | C3 |
@МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia |