Поради проблеми со болидот, Себастијан Ветел имаше многу мала километража на тест сесијата во Бахреин, но во интервју за Францускиот Аутоeбдо тој потврди дека нема проблеми со мотивацијата.
"Некои сезони беа подобри, други беа полоши. Мило ми е што свртев нова страница во мојата кариера. Одлично се забавував во Ферари, научив многу, запознав многу неверојатни луѓе. Да се вози за Ферари е уникатно искуство. Тие спомени ќе ми останат за цел живот."
"Со Астон Мартин сме само на почетокот на нашето патување и не очекуваме дека веднаш ќе бидеме успешни. Секако, ако може да победуваме, никој од тимот нема да има ништо против, но разбираме дека тоа не е лесно."
"Пред нас е многу работа. Со нетрпение го чекам почетокот на сезоната, кога ќе можам да застанам зад воланот и да ја работам мојата омилена работа. Секој болид се однесува поинаку. Секој возач има свои преференции, но ако ви е пријатно, ако сте задоволни со она што се случува наоколу, тогаш ќе се прилагодите побрзо и наскоро ќе нападнете на границата на неговите можности."
"Нов предизвик е секогаш многу интересен. Со доаѓањето на финансиските регулативи, Формула 1 ќе се промени, но ако сè остане исто за нашиот тим, врвните екипи се принудени да преземат мерки, со што ќе се изедначи рамнотежата на силите."
СЕБАСТИЈАН ВЕТЕЛ: ПОЧЕТОК НА НОВА ПРИКАЗНА
3/16/2021 11:19:00 AM
0
Share to other apps