Пирели, во договор со ФИА, Формула 1 и тимовите, ќе тестира нова конструкција на задните гуми на тренинг сесиите за Големата Награда на Австрија во петок, 2 јули, за да ја процени нејзината ефикасност за понатамошно подобрување на цврстината на гумите.
Оваа одлука е донесена во прилог на неодамна издадената техничка директива и најновите почетни параметри пропишани од Пирели, со оглед на фактот дека во моментов не е можно да се следат условите за работа во реално време.
Ова ќе остане случај од следната година, кога ќе се воведат стандардни сензори за контрола на притисокот во гумите во сите тимови. Следниот петок, секој возач ќе има два сета од овие нови гуми достапни за употреба за време на една од двете тренинг сесии.
Доколку тестот биде успешен, новата консрукција на задните гуми ќе биде воведена од Големата Награда на Велика Британија, заменувајќи ја моменталната спецификација. Новата конструкција вклучува неколку елементи кои се развиени за употреба во најновите 18-инчни Ф1 гуми кои ќе се користат од 2022 година.
Со оваа нова конструкција Пирели обезбедува пневматици што може да гарантираат уште поголемо ниво на интегритет во екстремни услови што можат да бидат генерирани од сегашните болиди.
* Сите коментари се прегледуваат пред да се објават.


