Макс Ферстапен го забележа најбрзото време и на попладневниот тренинг на патеката Ред Бул Ринг во Шпилберг, Австрија. Овој пат во Топ 3 поредокот му се придружија Даниел Рикиардо и Естебан Окон, додека Хамилтон беше четврти со скоро четири десетинки заостанување.
Сепак се тоа е поради фактот што најбрзиот круг на Британецот беше избришан поради минимално прекршување на лимитите на патеката во последниот свиок. Избришаното време беше многу блиску до Холанѓанецот, така да утре не очекува блиска борба за Пол позицијата!!!
Серџо Перез и Валтери Ботас се обидоа да го постигнат темпото на нивните тимски колеги во Ред Бул и Мерцедес АМГ, но беа прилично далеку. Мексиканецот ја заврши сесијата деветти, додека Ботас имаше пласман на 12-тото место на табелата. Финецот беше еден од првите возачи што забележа време на црвените гуми.
Тој имаше и бизарен момент кога при излегување од неговиот бокс, се изврте на пит-линијата, оставајќи го својот болид насочен кон гаражата на Мекларен. За среќа ги избегна механичарите на Мекларен кои стоеја во близина, и кои потоа помогнаа да се сврти неговиот болид. Сепак, побрзаа и да го пријават инцидентот на стјуардите.
UPDATE: Валтери Ботас заработи казна од три стартни места за овој инцидент.
Иако беа забележани неколку капки на патеката, времето ги послужи возачите, но, дали тоа ќе биде така и во текот на останатиот дел од викендот. Со прогноза за грмотевици, кога врне во Шпилберг, има тенденција да биде вистински потоп.
Дождот повеќе ќе им одговара на возачите на Мерцедес АМГ, отколку на возачите на Ред Бул, барем по типот на задни крила употребени на денешните тренинг сесии. Едните со задно крило за поголема потисна сила, додека другите со "тенко" задно крило за поголема максимална брзи на правците. Погодувате кој е кој во овој случај.
Што се однесува до средниот ред, попладнево на врвот беше Даниел Рикиардо, кој се повеќе и повеќе станува посигурен во својот Мекларен. Алпин, исто така, имаше силна сесија со двата болида во горниот дел од Топ 10 пласманот.
Пјер Гасли ја пропушти целата сесија откако инженерите на Хонда открија нерегуланости во работата на неговата погонска единица. Французинот изгуби многу драгоцено време и ќе мора да се потпре на податоците од Јуки Цунода, неговиот тимски колега, за да добие каква таква претстава за можностите тркачкото темпо на АлфаТаури.
Ферари имаше тешка сесија, со пласман на Карлос Саинц Јр. и Чарлс Леклер на 11-тото, односно 13-тото место. Шпанецот имаше среќа да продолжи откако се изврте поминувајќи по рабниците на 5-от свиок, додека Моначанецот извести дека имал проблеми при својот најдобар круг со црвените гуми.
Инаку од тркачките симулации на Т2, просечното време на тимовите со над 5 круга во еден стинт доаѓаме до следниот заклучок:

ЦРВЕНИ ГУМИ
РЕД БУЛ (9) 09.8
МЕРЦЕДЕС АМГ (6) 09.5
ФЕРАРИ (14) 10.2
АЛПИН (14) 10.2
МЕКЛАРЕН(18) 10.2
ЖОЛТИ ГУМИ
АЛПИН (13) 10.1
АСТОН МАРТИН (12) 10.2
БЕЛИ ГУМИ
РЕД БУЛ (15) 09.6
ФЕРАРИ (15) 10.1
РЕД БУЛ (9) 09.8
МЕРЦЕДЕС АМГ (6) 09.5
ФЕРАРИ (14) 10.2
АЛПИН (14) 10.2
МЕКЛАРЕН(18) 10.2
ЖОЛТИ ГУМИ
АЛПИН (13) 10.1
АСТОН МАРТИН (12) 10.2
БЕЛИ ГУМИ
РЕД БУЛ (15) 09.6
ФЕРАРИ (15) 10.1
Викендот во Австрија продолжува со саботниот тренинг, од 12:00-13:00 часот, по кој следуваат Квалификаците од 15:00 часот по македонско време.
| 2021 ГН ШТАЕРСКА - ТРЕНИНГ 2 | |||||
| П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | КРУГ |
| 1 | Макс Ферстапен | Ред Бул | 1:05.412 | 37 | |
| 2 | Даниел Рикиардо | Мекларен | 1:05.748 | + 0.336 | 35 |
| 3 | Естебан Окон | Алпин | 1:05.790 | + 0.378 | 35 |
| 4 | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:05.796 | + 0.384 | 35 |
| 5 | Фернандо Алонсо | Алпин | 1:05.827 | + 0.415 | 39 |
| 6 | Себастијан Ветел | Астон Мартин | 1:05.934 | + 0.522 | 38 |
| 7 | Ландо Норис | Мекларен | 1:05.994 | + 0.582 | 39 |
| 8 | Ленс Строл | Астон Мартин | 1:06.079 | + 0.667 | 36 |
| 9 | Серџо Перез | Ред Бул | 1:06.089 | + 0.677 | 36 |
| 10 | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | 1:06.145 | + 0.733 | 37 |
| 11 | Карлос Саинц Јр. | Ферари | 1:06.147 | + 0.735 | 39 |
| 12 | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:06.251 | + 0.839 | 32 |
| 13 | Чарлс Леклер | Ферари | 1:06.270 | + 0.858 | 39 |
| 14 | Кими Раиконен | Алфа Ромео | 1:06.297 | + 0.885 | 41 |
| 15 | Јуки Цунода | АлфаТаури | 1:06.451 | + 1.039 | 39 |
| 16 | Џорџ Расел | Вилијамс | 1:06.628 | + 1.216 | 39 |
| 17 | Мик Шумахер | Хас | 1:06.886 | + 1.474 | 29 |
| 18 | Никита Мазепин | Хас | 1:07.404 | + 2.992 | 30 |
| 19 | Николас Латифи | Вилијамс | 1:07.669 | + 2.257 | 32 |
| 20 | Пјер Гасли | АлфаТаури | / | / | 0 |
| ИСТОРИЈА - ХИБРИДНА ЕРА - РЕД БУЛ РИНГ 2014 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:09.542 2015 Себастијан Ветел - Ферари - 1:09.600 2016 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:07.967 2017 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:05.483 2018 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:04.579 2019 Чарлс Леклер - Ферари - 1:05.086 2020 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:04.304 2020 ШТАЕРСКО ГП - Макс Ферстапен - Ред Бул - 1:03.660 2021 ШТАЕРСКО ГП - Макс Ферстапен - Ред Бул - 1:05.412 |
|||||
| @МкФормула1 - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА @MkFormula1 - REPUBLIC OF MACEDONIA |
|||||