Овој викенд со осмата трка од 2021 сезоната, Големата Награда на Штаерска, стартуваат две последователни трки на Ред Бул Ринг. Втора година по ред тимовите ќе ги одмерат силите на два викенда на оваа патека. Тимовите имаат многу податоци од минатата година, така да прилично добро знаат како ќе реагираат гумите и болидите, но ова е исто така неповолна положба бидејќи тоа знаење може да доведе до поограничени стратешки опции.
Toto Wolf: "Од фановите, до возачите и членовите на тимот, оваа сезона нè држи сите на штрек. Имавме возбудлива трка во Франција со уште една интензивна битка меѓу најдобрите четири болиди, и тој предизвик е нешто во што уживаат сите во тимот."
"Откако разочарувањето од пропуштената победа избледе, имаше многу позитивни работи да се земат од Франција. Забележавме добар број на поени со второто и четвртото место и темпото на болидот беше охрабрувачки чекор напред во споредба со Монако и Баку, благодарение на напорната работа на членовите на нашиот тим во фабриките и на патеката."
"Но, иако знаеме дека има уште многу до крајот на сезоната и ќе се појават уште многу прилики, во една ваква сезона, секој еден бод ќе биде важен и ќе ја направи разликата. На последните неколку трки оставивме многу бодови во игра."
"Ја анализиравме трката во Франција и ги разбравме областите каде имаме можност да се подобриме. Значи, сега се фокусираме на имплементација на тие подобрувања на следните две трки во Австрија, каде се надеваме дека можеме да го вратиме моментумот во наша корист. За среќа, не треба да чекаме долго за нашата следна шанса да се обидеме да го сториме тоа и јас ја гледам одлучноста кај секој член на тимот."
"Австрија беше незгодна патека за нас во изминатите сезони, но минатата година поминавме многу добро. Знаеме дека, оваа сезона, ситуацијата е многу поинаква. Тоа е многу брз круг и кратка патека, со помалку можности да се добие на време. Разликите ќе бидат блиски, па затоа ќе нападнеме максимално!"
ТОТО ВОЛФ - ЗБОР, ДВА ПРЕД ШТАЕРСКОТО ГРАН ПРИ
6/23/2021 09:08:00 PM
0
Share to other apps