Но, ако го погледнеме "совршениот" круг, каде што се земени во предвид најдобрите три сектори, всушност Валтери Ботас е најбрз. Што дополнително ги комплицира работите при анализа на резултатите.
Финецот го имаше четвртото најдобро време, а разликите како што и се очекуваше на толку кратка патека беа мали, со помалку од една секунда помеѓу Ферстапен на П1 до Норис на П16.
Добрата вест за тимовите е дека секој болид успеа да помине пристоен број на кругови, иако ова не беше сесија без инциденти. Кубица, Саинц Јр. и Перез се извртеа на патеката, но успеаја да се држат настрана од бариерите.
Мекларен допрва треба да ја покаже својата вистинска брзина, а едно од поголемите изненадувања е пласманот на Серџо Перез.
Мексиканецот изгледаше неверојатно сигурен на минатата трка, но, неговото вообичаено темпо на оваа сесија го немаше. Забележувајќи го само 13-тото време, тој ќе биде еден возачите од кого ќе се очекува многу подобра попладневна сесија.
Следната сесија започнува во 15:00 часот, а најавениот дожд го немаше на утринската сесија. Дали облаците ќе се појават за вториот трениг ќе дознаеме малку подоцна.
Менаџментот на Формула 1 и официјално по потврди враќањето на Големата Награда на Турција во тековниот 2021 календар. Тркачкиот викенд во Истанбул парк ќе се одржи од 1 до 3 Октомври, со што ќе ја замени Големата Награда на Сингапур.
Исто така, во изјавата на организаторите на шампионатот се вели дека порано трката во Турција беше откажана поради ограничувања поврзани со последиците од пандемијата, но тие се уверени дека до есен ситуацијата ќе се промени на подобро, земајќи ги предвид сите безбедносни мерки развиени со Формула 1.
Стефано Доменикали, Претседател и извршен директор на Формула 1: "Воодушевени сме што се враќаме во Истанбул и се надеваме дека ќе гледаме уште една возбудлива трка на една од најдобрите патеки во светот. Демонстриравме дека сè уште сме во можност да се прилагодиме, бидејќи интересот за нашиот спорт е огромен."
| 2021 ГН ШТАЕРСКА - ТРЕНИНГ 1 | |||||
| П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | КРУГ |
| 1 | Макс Ферстапен | Ред Бул | 1:05.910 | 34 | |
| 2 | Пјер Гасли | АлфаТаури | 1:06.167 | + 0.256 | 32 |
| 3 | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:06.332 | + 0.422 | 32 |
| 4 | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:06.386 | + 0.476 | 34 |
| 5 | Јуки Цунода | АлфаТаури | 1:06.397 | + 0.487 | 36 |
| 6 | Фернандо Алонсо | Алпин | 1:06.519 | + 0.609 | 35 |
| 7 | Естебан Окон | Алпин | 1:06.551 | + 0.641 | 35 |
| 8 | Ленс Строл | Астон Мартин | 1:06.584 | + 0.674 | 33 |
| 9 | Антони Џовинаци | Алфа Ромео | 1:06.614 | + 0.704 | 29 |
| 10 | Чарлс Леклер | Ферари | 1:06.629 | + 0.719 | 36 |
| 11 | Карлос Саинц Јр. | Ферари | 1:06.630 | + 0.720 | 33 |
| 12 | Даниел Рикиардо | Мекларен | 1:06.669 | + 0.759 | 38 |
| 13 | Серџо Перез | Ред Бул | 1:06.696 | + 0.786 | 33 |
| 14 | Себастијан Ветел | Астон Мартин | 1:06.708 | + 0.798 | 32 |
| 15 | Џорџ Расел | Вилијамс | 1:06.848 | + 0.938 | 31 |
| 16 | Ландо Норис | Мекларен | 1:06.861 | + 0.951 | 35 |
| 17 | Николас Латифи | Вилијамс | 1:07.180 | + 1.270 | 30 |
| 18 | Мик Шумахер | Хас | 1:07.473 | + 1.563 | 30 |
| 19 | Роберт Кубица | Алфа Ромео | 1:07.823 | + 1.915 | 30 |
| 20 | Никита Мазепин | Хас | 1:08.081 | + 2.171 | 31 |
| ИСТОРИЈА - ХИБРИДНА ЕРА - РЕД БУЛ РИНГ 2014 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:11.295 2015 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:10.401 2016 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:07.373 2017 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:05.975 2018 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:04.839 2019 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:04.838 2020 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:04.816 2020 Штаерско ГП - Серџо Перез - Рејсинг Поинт - 1:04.867 2021 Штаерско ГП - Макс Ферстапен - Ред Бул - 1:05.910 |
|||||
| @МкФормула1 - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА @MkFormula1 - REPUBLIC OF MACEDONIA |
|||||




