Холанѓанецот во моментов е лидер во шампионатот и е во добра позиција за да забележи значајни поени на утрешната Голема Награда на Штаерска.
Валтери Ботас го победи Луис Хамилтон за второто најбрзо време, но сепак ќе стартува од П5, поради казната од три стартни места добиена вчера за небезбедно возење ни пит-линијата.
За прв пат по подолго време Ред Бул пристигна на домашен терен како лидер во шампионатот и за прв пат со статус на фаворит по три последователни победи во претходните трки. Досега, тимот немаше Пол позиции во Шпилберг и Ред Бул навистина сакаше да биде на врвот.
Не е лесно да се престигнува на оваа Австриска патека, а добрата стартна позиција дава предност, но не е пресудна. Од 15 трки на сегашната конфигурација, само на шест победил возачот што стартувал од Пол позицијата.
Во Q1 сесијата, сите возачи излегоа на црвените гуми, возејќи неколку круга по ред, наизменично бавни и брзи. Поради краткиот круг за полнење на ЕРС-системот се потребни еден-два круга. Кими Раиконен имаше излет низ чакалот покрај патеката, но успеа да се врати и продолжи да вози.
Сепак, во последно време неговата форма стагнира, ако го земеме фактот што неговиот тимски колега успева да го победи, па така покрај него крај на квалификациите беше и за Латифи, Окон, Шумахер и Мазепин
Во Q2 сесија во првиот обид, Ферстапен, Ботас, Хамилтон и Џовинаци ги избраа црвените гуми, додека останатите ги преферираа црвените. Најдоброто време го имаше Пјер Гасли. Французинот имаше неуспешен втор брз круг, а само Луис Хамилтон повторно излезе на жолтите гуми, останатите црвени.
Најбрзото време го забележа Серџо Перез, а на Џорџ Расел му недостигаа осум илјадитинки за да се пласира во Q3. Заедно со него од понатамошниот тек на квалификациите испаднаа Саинц Јр., Рикиардо, Ветел и Џовинаци.
Финалната Q3 сесија беше пресметка на црвените гуми. Луис Хамилтон прв излезе на патеката, за да избегне сообраќај на патеката и со тоа го забележа првото време во сесијата. Макс Ферстапен беше првиот возач викендов кој забележа време под 1:04, три десетинки подобро од Британецот.
Повторно Хамилтон на патеката излезе прв за вторите брзи круга, шампионот го подобри своето време, но остана втор. За разлика од останатите тој се реши и за трет брз круг, Форсирајќи го својот Мерцедес АМГ до крајните граници, но направи грешка по што се беше готово. Валтери Ботас во меѓувреме успеа да излезе пред него за второто најбрзо време.
Трката за ГН на Штаерска започнува од 15:00 часот по македонско време. Топ 3 возачите ќе стартуваат на жолти гуми, останатите од Топ 10 пласман на црвени. Шанса со добра стратегија за возачите со слободен избор на гуми.
| 2021 ГН ШАТЕРСКА - КВАЛИФИКАЦИИ | ||||
| П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА |
| 1. | Макс Ферстапен | Ред Бул | 1:03.841 | |
| 2. | Валтери Ботас* | Мерцедес АМГ | 1:04.035 | + 0.194 |
| 3. | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:04.067 | + 0.226 |
| 4. | Ландо Норис | Мекларен | 1:04.120 | + 0.279 |
| 5. | Серџо Перез | Ред Бул | 1:04.168 | + 0.327 |
| 6. | Пјер Гасли | АлфаТаури | 1:04.236 | + 0.395 |
| 7. | Чарлс Леклер | Ферари | 1:04.472 | + 0.631 |
| 8. | Јуки Цунода** |
АлфаТаури | 1:04.514 | + 0.673 |
| 9. | Фернандо Алонсо |
Алпин | 1:04.574 | + 0.733 |
| 10. | Ленс Строл | Астон Мартин | 1:04.708 | + 0.867 |
*казна 3 позиции - небезбедно возење во пит ** казна 3 позиции - блокирање на Ботас во Q3 Q2 Најбрзо Време: Серџо Перез - 1:04.197 |
||||
| 11. | Џорџ Расел | Вилијамс | 1:04.671 | + 0.474 |
| 12. | Карлос Саинц Јр. | Ферари | 1:04.800 | + 0.603 |
| 13. | Даниел Рикиардо | Мекларен | 1:04.808 | + 0.611 |
| 14. | Себастијан Ветел | Астон Мартин | 1:04.875 | + 0.678 |
| 15. | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео |
1:04.915 | + 0.716 |
| Q1 Најбрзо Време: Макс Ферстапен - 1:04.489 | ||||
| 16. | Николас Латифи | Вилијамс | 1:05.175 | + 0.686 |
| 17. | Естебан Окон | Алпин |
1:05.217 | + 0.728 |
| 18. | Кими Раиконен | Алфа Ромео | 1:05.429 | + 0.940 |
| 19. | Мик Шумахер | Хас | 1:06.041 | + 1.552 |
| 20. | Никита Мазепин |
Хас | 1:06.192 | + 1.703 |
| 107% време: 1:09.003 | ||||
| ИСТОРИЈА - ХИБРИДНА ЕРА - РЕД БУЛ РИНГ 2014 Фелипе Маса - Вилијамс - 1:08.759 2015 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:08.455 2016 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:07.922 2017 Валтери Ботас - Мерцедес АМГ - 1:04.251 2018 Валтери Ботас - Мерцедес АМГ - 1:03.130 2019 Чарлс Леклер - Ферари - 1:03.003 2020 Валтери Ботас - Мерцедес АМГ - 1:02.939 2020 ШТАЕРСКО ГРАН ПРИ Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:19.273 2021 ШТАЕРСКО ГРАН ПРИ Макс Ферстапен - Ред Бул - 1:09.841 |
||||
| @МкФормула1 - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА @MkFormula1 - REPUBLIC OF MACEDONIA |
||||






