ПОБЕДНИЦИ
Макс Ферстапен, П1: "Секако дека е одличен резултат да се освои првата Пол позиција за Ред Бул на нашата домашна патека и се чувствувам многу добро околу тоа. Оваа година направивме голем чекор напред во квалификациите и иако болидот беше конкурентен и прилично лесен за возење за време на целиот викенд, сепак направивме добри промени за квалификациите."
"Од моја страна, првиот круг во Q3 беше прилично добар. Ред Бул ринг нема многу свиоци, но навистина е тешко да се забележи добар круг поради сопирањето во Свиоците 3 и 4 каде што е лесно може да изгубите десетинка и при најмала грешка."
"Кога започнав да возам во Ф1, ова секогаш беше една од патеките на кои се чувствував добро и бидејќи нема многу свиоци, возачот може да направи голема разлика, што ми се допаѓа."
"Некои патеки се прилично едноставни во поглед на тоа како поминувате низ свиоците, но тука има неколку опции поради што е попријатна за возење. Утре очекувам многу блиска трка."
"Знаеме дека Мерцедес АМГ имаат силен болид во трка и се прилично добри во менаџирање на гумите, така што ќе биде многу близу, што мислам дека е добро и за фановите и начинот на кој тоа им се допаѓа на сите."
Ландо Норис, П4: "Многу добри квалификации, ќе стартувам од третата позиција. Болидот се однесуваше добро во текот на сите сесеии, јас бев сигурен и секогаш можев да ги направам потребните мали подобрувања."
"Тоа ни дoнесе третата позиција, што е убаво, особено што заостануваме само две и нешто десетинки од пол позицијата. Многу позитиви и многу добра позиција за нас да забележиме солидни поени на утрешната трка, но таа е долга и таму се освојуваат поените. Тоа е важна работа."
Фернандо Алонсо, П9: ""Денес имавме потежок ден од вчера, на првите две тренинг сесии се чувствувавме задоволни со болидот. Тоа е нешто што веќе го видовме, дека во петок сме поконкурентни отколку во сабота и недела, но денес имаше уште еден чекор во таа насока."
"На денешниот тренинг недостатокот на перформанси беше загрижувачки за нас, а потоа во квалификациите имаше многу мали разлики и ако не направиш совршен круг, можеше да испаднеш на која било сесија."
"Штета што поминавме само со еден болид, но останува трката, која може да се одвива на дожд. Значи не е се изгубено, имаме шанса да забележиме поени со двата болида ако имаме среќа."
"Тоа ќе биде потешко отколку во Франција, на пример. Бевме поконкурентни во Франција. Имам добра стартна позиција, но имаме побрзи болиди зад нас. Утре треба да имаме темпо, ако не, ќе биде многу лесно да се завршиме надвор од Топ 10."
"Денес беше забавно. Уживам во возењето na болидот. На почетокот на годината имав потешкотии, но како што реков во Баку, мислам дека општото мислење беше малку понегативно отколку што беше всушност. Никогаш не бев премногу далеку. Завршив неколку трки зад Естебан и среќен сум што луѓето го менуваат својот впечаток."
"На почетокот од сезоната реков дека ќе ми требаат околу три или четири трки за да бидам 100% фит, ми требаа четири или пет. Не заостанував многу."
Кими Раиконен, П18: "Не успеав да направам нити еден добар круг и ова е крајниот резултат. Не е тоа што сакаме, се разбира, но така е. Нема да биде лесно да се започне таму каде што сме, но утре ќе видиме што можеме да направиме околу тоа."
Карлос Саинц Јр., П12: "Ова не беше толку добар ден. Вчера имавме проблеми со нашето темпо во еден круг, па не очекувавме чуда. Квалификациите надвор од првите десет не се идеални, но со толку блиски разлики на толку кратка патека мора да имате добар круг во сите три сектори, а мене ми недостасуваше малку во секторот 2."
"Има одредена утеха во фактот што имам слободен избор на гуми на кои ќе ја стартувам трката и ние ќе се обидеме да го искористиме максимумот од тоа."
"Вчера, нашето тркачко темпо не беше лошо, па се надевам дека ќе успеам да постигнам добар резултат. Ова попладне не е крај на викендот и ќе се бориме до последниот круг за да го добиеме најдобриот можен резултат."
Даниел Рикиардо, П13: "Не е најдобриот ден, не знам зошто. Очигледно вчера беше добро, а попладнето беше навистина охрабрувачко. Едноставно изгубивме многу темпо преку ноќ за ова утро да бидеме доста бавни, а потоа квалификациите беа слична приказна."
"Тоа е малку чудно во моментов. Вчера имавме навистина ветувачко темпо, затоа е штета. Никогаш не очекував дека ќе стартувам од П13. Ќе се обидеме да го разбереме тоа и да имаме силна трка утре."








