Таа има STOP/GO карактеристики, со висока просечна брзина, висока максимална брзина и средно побарување во однос на потисната сила.
Таа е спој на брзи правци со бавни и средно брзи свиоци, т.е. основата ја чинат 4-те правци кои завршуваат со остри свиоци, што значи дека добрата тракција и максималната брзина на правците се главните фактори за што побрз круг.
Има три места каде максимално се оптоваруваат сопирачките, но времето кое возачите остануваат со ногата на сопирачката е релативно ниско и се проценува на околу 9 секунди.
Сопирањето е блиски интервали и тоа го отежнува ладењето на сопирачките, но и поради присуството на поредок воздух.
Патеката нуди повеќе можности за претекнување, не само поради присуството на три ДРС-зони, туку и нејзината широчина од 12 метри.
Сепак, главната можност за претекнување е третиот свиок (Ремус), каде што возачите по наглото сопирање се движат низ овој свиок во прва или втора брзина.
Како контраст на него е 9-от свиок (Ринт), кој возачите го поминуваат во шеста брзина и ги бараат лимитите на нивниот болид и нивната решителност.
Големата награда на Штаерска се состои од 71 круга поради кратката должина на патеката, но сепак по сите проценки на Пирели, најбрзата стратегија треба да биде со едно застанување во бокс, особено со номинираните C2, C3 и C4 смеши за овој викенд.
Најпосакуваната стратегија со едно застанување за промена на гуми, за најголемиот дел од Топ 10 пласманот, најверојатно ќе биде почетен стинт на црвените и завршен стинт на белите гуми.
Инаку, наверојатната стратегијата за најбрзите тројца возачи ќе биде почетен стинт на жолтите и завршен стинт на белите гуми. Оваа варијанта ќе биде прв избор и за возачите надвор од Топ 10 на гридот.
Варијантата црвени/жолти гуми, или обратно, е изводливо, но од возачи кои знаат максимално да ги штедат своите гуми. Како и обично, исто така постои можност да се направи спротивното, почнувајќи на најтврдата смеша пред да се префрлите на помеките.
Ова има смисла за оние возачи кои трката ќе ја започнат од последните редови и да се надеваат дека ќе останат подолго за првиот стинт за да добијат позиција на патеката. Како што напоменавме постојат неколку добри можности за претекнување, така што позицијата на патеката не е од стратегиско значење, како што е на некои други патеки.
Нормално, сето ова зависи од временските прилики, а температурите на патеката сигурно ќе влијаат на траењето на гумите, особено на црвените и со тоа и на стратегијата.
Марио Изола, Пирели: "На квалификациите, ги имавме најголемите забележани температури за време на викендот, многу блиски разлики, како и варијации во стратегијата, што значи дека возачите од првиот ред и Ботас ќе стартуваат на жолтите гуми, а остатокот од топ 10 на црвените."
"Toa значи дека би требало да имаме интересен старт и ќе биде интересно да се види дали тимот на Ред Бул ќе биде во можност да ја искористи различната стратегија на нивните два болида."
"За денес има прогнози за невреме, што може да има одлучувачко влијание врз текот на трката. Инаку, очекуваме трка со едно застанување во бокс, со неколку различни потенцијални начини на изведба во пракса."
| 2021 ГОЛЕМА НАГРАДА НА ШТАЕРСКА СТАРТЕН РЕДОСЛЕД |
|
| 1. МАКС ФЕРСТАПЕН - РЕД БУЛ | |
| 2. ЛУИС ХАМИЛТОН - МЕРЦЕДЕС АМГ | |
| 3. ЛАНДО НОРИС - МЕКЛАРЕН | |
| 4. СЕРЏО ПЕРЕЗ - РЕД БУЛ | |
| 5. ВАЛТЕРИ БОТАС - МЕРЦЕДЕС АМГ | |
| 6. ПЈЕР ГАСЛИ - АЛФАТАУРИ | |
| 7. ЧАРЛС ЛЕКЛЕР - ФЕРАРИ | |
| 8. ФЕРНАНДО АЛОНСО - АЛПИН | |
| 9. ЛЕНС СТРОЛ - АСТОН МАРТИН | |
| 10. ЏОРЏ РАСЕЛ - ВИЛИЈАМС | |
| 11. ЈУКИ ЦУНОДА - АЛФАТАУРИ | |
| 12. КАРЛОС САИНЦ Јр. - ФЕРАРИ | |
| 13. ДАНИЕЛ РИКИАРДО - МЕКЛАРЕН | |
| 14. СЕБАСТИЈАН ВЕТЕЛ - АСТОН МАРТИН | |
| 15. АНТОНИО ЏОВИНАЦИ - АЛФА РОМЕО | |
| 16. НИКОЛАС ЛАТИФИ - ВИЛИЈАМС | |
| 17. ЕСТЕБАН ОКОН - АЛПИН | |
| 18. КИМИ РАИКОНЕН - АЛФА РОМЕО | |
| 19. МИК ШУМАХЕР - ХАС | |
| 20. НИКИТА МАЗЕПИН - ХАС | |
| @МкФормула1 - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА @MkFormula1 - REPUBLIC OF MACEDONIA |
|






