Со тоа го зголеми водството во однос на Луис Хамилтон на 18 поени, а предноста на Ред Бул пред Мерцедес АМГ се искачи на 40 поени.
Само тројца најбрзи возачи завршија во истиот круг, останатите изгубија круг или повеќе. Луис Хамилтон заврши втор со дополнителен поен за најбрзиот круг на трката. Валтери Ботас се искачи на третото скалило од подиумот.
Следната недела имаме уште еден викенд во Шпилберг, кога ќе се вози Големата Награда на Австрија.
Ред Бул на домашен терен дојде како предводник на двата шампионати, победувајќи на три трки по ред. Во петокот, Ферстапен доминираше на тренингот, Хамилтон го имаше најбрзото време во саботата наутро, но во квалификациите Макс беше две десетинки пред неговиот најблизок ривал, освојувајќи ја првата Пол позиција во историјата на тимот на Ред Бул Ринг.
Валтери Ботас, загуби три стартни места поради инцидент на петочната тренинг сесија. Исто како пред една недела во Франција, Ферстапен и Хамилтон трката ја започнаа од првиот ред. Норис и Перез стартуваа од вториот, Ботас и Гасли од третиот стартен ред. Покрај Ботас и Јуки Цунода, кој ја освои осмата стартна позиција, загуби три места за блокирање на Ботас во квалификациите.
Прогнозата ветуваше голема веројатност за дожд за време на викендот, но не се оствари и сите сесии се одржуваа на сува патека.
На стартот, Ферстапен го задржа водството, додека драмата се одвиваше пред и околу Леклер. Како резултат на тоа Моначанецот мораше во бокс по ново предно крило, Латифи имаше непланиран пит-стоп, а Пјер Гасли ја заврши трката со дупната гума и скршена задна лева амортизација.
Поредокот по првиот круг беше: Ферстапен, Хамилтон, Норис, Перез, Ботас, Строл, Алонсо, Расел, Рикиардо, Цунода.
Напред Холанѓанецот успеа да направи одредена разлика од Хамилтон, заштитувајќи се од ДРС напади на Хамилтон, а како одминуваа круговите предноста постепено се зголемуваше.
Во 9-от круг, болидот на Рикиардо го загуби темпото поради проблеми со погонската единица, тој изгуби три места, продолжи да вози, а неговиот тркачки инженер му кажа дека проблемот е решен, но од тој момент неговиот Мекларен како да не беше истиот од почетокот на трката.
Неговиот тимски колега успеа да се задржи 10, т.е. 11 круга пред Перез и Ботас, предавајќи се лесно, со цел заштеда на гумите. Топ десет поредокот во 15-от круг беше: Ферстапен, Хамилтон, Перез, Ботас, Норис, Строл, Алонсо, Расел, Цунода, Саинц Јр.
Чарлс Леклер по замената на предното крило и гуми на патеката се врати како последен, а во 26-от круг го престигна Естебан Окон за 14-тото место. Во следниот круг Џорџ Расел ги смени гумите, но пит-стопот беше долг, а неговите механичари се обидуваа да го зголемат притисокот во хидрауликата.
Младиот Британец беше вратен на патеката, но повторно мораше во бокс, но и да се повлече од натамошниот дел од трката. Викендот на кој од Вилијамс ги очекуваа освојувањето на првите поени заврши катастрофално по нив.
Во 26-от круг Серџо Перез ја започна серијата на пит-стопови на водечките, по која Макс Ферстапен го задржа водството во трката, но Мексиканецот го изгуби третото место. Причина пробеми со менувањето за задната лева гума.
Во понатамошниот тек, Макс Ферстапен се пожали на проблеми со сопирачките, по што Хамилтон малку ја намали разликата, но Холанѓанецот успеа да го врати претходното темпо. Топ десет во 45 круг беше: Ферстапен, Хамилтон, Ботас, Перез, Норис, Строл, Саинц Јр., Алонсо, Цунода, Ветел.
Темпото на Ферари беше во подем па нивните возачи напредуваа на табелата. Карлос Саинц Јр. го престигна Строл за шестото место, а Чарлс Леклер го престигна Ветел на десеттото место, Цунода за деветтото.
Во тимот на Ред Бул го повикаа Перез по втор пат за смена на гумите, со надеж да го забележат најбрзиот круг на трката и се обидат да го престигнат Ботас на понови гуми. Сепак разликата од 18 секунди во 16 круга се покажа како недостижна.
Во 57-от круг, Чарлс Леклар го престигна Алонсо на осмото место, а во 61-от Ленс Строл за седмото место.
Откако во Мерцедес АМГ им стана јасно дека Ред Бул не може да се победи на оваа трка, со помош на Валтери Ботас направија безбедна разлика за Хамилтон да може да влезе во бокс по нови гуми и да го земе дополнителниот поен за најбрзиот круг, кој беше во рацете на Серџо Перез.
На крај ова заврши како доминантна трка за Макс Ферстапен од старт до финиш за зголемување на предноста пред Луис Хамилтон.
| 2021 ГН ШТАЕРСКА - РЕД БУЛ РИНГ 71 круга,; 306.452км., Време: Сончево |
|||
| ПЛАСМАН: | |||
| П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ |
| 1. | Макс Ферстапен | Ред Бул | 1ч22:50.683 |
| 2. | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | + 35.743 |
| 3. | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | + 46.907 |
| 4. | Серџо Перез | Ред Бул | + 47.434 |
| 5. | Ландо Норис | Мекларен | + 1 круг |
| 6. | Карлос Саинц Јр. | Ферари |
+ 1 круг |
| 7. | Чарлс Леклер | Ферари | + 1 круг |
| 8. | Ленс Строл | Астон Мартин | + 1 круг |
| 9. | Фернандо Алонсо | Алпин | + 1 круг |
| 10. | Јуки Цунода | АлфаТаури | + 1 круг |
| 11. | Кими Раиконен | Алфа Ромео | + 1 круг |
| 12. | Себастијан Ветел | Астон Мартин | + 1 круг |
| 13. | Даниел Рикиардо | Мекларен | + 1 круг |
| 14. | Естебан Окон | Алпин | + 1 круг |
| 15. | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | + 1 круг |
| 16. | Мик Шумахер | Хас | + 2 круга |
| 17. | Николас Латифи |
Вилијамс | + 3 круга |
| 18. | Никита Мазепин | Хас | + 3 круга |
| НАЈБРЗ КРУГ: ЛУИС ХАМИЛТОН - 1:07.058 | |||
| БЕЗ ПЛАСМАН: | |||
| 19. | Џорџ Расел | Вилијамс | дефект |
| 20. | Пјер Гасли | АлфаТаури | судир |
|
ХИБРИДНА ЕРА - РЕД БУЛ РИНГ 2014 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:27:54.976 2015 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:30:16.930 2016 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:27:38.107 2017 Валтери Ботас - Мерцедес АМГ - 1:21:48.523 2018 Себастијан Ветел - Ферари - 1:29:33.283 2019 Валтери Ботас - Мерцедес АМГ - 1:25:27.325 2020 Валтери Ботас - Мерцедес АМГ - 1:30:55.739 2020 ШТАЕРСКО ГРАН ПРИ Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:22:50.683 2021 ШТАЕРСКО ГРАН ПРИ Макс Ферстапен - Ред Бул - 1:22:18.925 @МкФормула1 - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА @MkFormula1 - REPUBLIC OF MACEDONIA |
|||
| 2021 ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН 8/23 | |||
| ВОЗАЧИ: | |||
| 1. | Макс Ферстапен | 156 | |
| 2. | Луис Хамилтон | 138 | |
| 3. | Серџо Перез | 96 | |
| 4. | Ландо Норис | 86 |
|
| 5. | Валтери Ботас | 74 | |
| 6. | Чарлс Леклер | 58 | |
| 7. | Карлос Саинц Јр. | 50 | |
| 8. | Пјер Гасли | 37 | |
| 9. | Даниел Рикиардо | 34 | |
| 10. | Себастијан Ветел | 30 | |
| 11. | Фернандо Алонсо |
19 | |
| 12. | Ленс Строл |
14 | |
| 13. | Естебан Окон | 12 | |
| 14. | Јуки Цунода |
9 | |
| 15. | Кими Раиконен | 1 | |
| 16. | Антонио Џовинаци | 1 | |
| 17. | Џорџ Расел | 0 | |
| 18. | Мик Шумахер |
0 | |
| 19. | Никита Мазепин |
0 | |
| 20. | Николас Латифи |
0 | |
| КОНСТРУКТОРИ: | |||
| 1. | Ред Бул | 252 | |
| 2. | Мерцедес АМГ | 212 | |
| 3. | Мекларен | 120 | |
| 4. | Ферари | 108 | |
| 5. | АлфаТаури | 46 | |
| 6. | Астон Мартин |
44 | |
| 7. | Алпин | 31 | |
| 8. | Алфа Ромео | 2 | |
| 9. | Вилијамс | 0 | |
| 10. | Хас | 0 | |




