Според Британскиот портал RACEFANS Мерцедес АМГ детално ќе ги анализира сите потенцијални придобивки во моќност што Ред Бул ги оствари со воведувањето на втората погонска единица.
Производителите на ПЕ имаат дозвола да прават само промени поврзани со издржливоста на погонските единици и една сезонска надградба за моќност.
Сепак, во неколку наврати Тото Волф и тимскиот портпарол Луис Хамилтон во неколку наврати тврдат дека новите ПЕ на Хонда, претставени на Француското ГП ги подобрија нивните перформанси.
"Не се сеќавам кога последен пат имавме надградби, но тие имаат. Тие донесоа надградбата на ПЕ и некои останати делови на болидот, што им донесе предност.", изјави Луис Хамилтон по завршувањето на Штаерското Гран При.
Говорејќи по трката во неделата, Тото Волф рече дека неговиот тим нема силно да приговара за перформансите на Ред Бул по воведувањето на нивните нови мотори се додека не се испитаат сите релевантните податоци.
"Во овој спорт, ние не работиме со сомнежи. Важно е да се анализираат фактите и податоците и тоа е она што сите го прават. Многу е транспарентно како секој тим настапува и ние ги разгледуваме перформансите на секој тим, вклучително и Ред Бул и нас самите, а потоа ќе дојдеме до нашите заклучоци."
"Тие завршија добра работа, тоа е факт. Втората ПЕ што ја донесоа е навистина моќна. Така, да ги разгледаме податоците, да анализираме и потоа да видиме што ќе бидат нашите следни чекори."
Кристијан Хорнер, тимскиот шеф на Ред Бул, повтори дека нивните нови ПЕ се со исти спецификации како и претходните.
"Имаме ново масло од ExxonMobil, па можеби тие треба да ја имаат целосна заслуга за тоа што Луис го кажува за нашите ПЕ. Тие се хомологирани, тоа е иста спецификацијa."
Матија Биното, тимскиот шеф на Ферари, не ги поткрепува ставовите на Мерцедес АМГ дека зголемувањето на брзината на Ред Бул се должи на надградената ХОНДА ПЕ.
"Не го споделувам гледиштето за тоа што го слушам и читам, бидејќи перформансите на ПЕ на Хонда, гледајќи ги ГПС податоците, соодветствуваат на перформансите што ги имаа на почетокот на сезоната во Бахреин."
"Потоа, тие мораа да ја намалат моќноста поради проблеми со издржливоста. Мислам дека со решавање на тој проблем, тие се вратија на стандардите што ги имаа на почетокот на сезоната. Нема чекор напред."
"Ние, од Бахреин наваму, секогаш имавме исто ниво на перформанси затоа што ПЕ ни дозволуваше да работиме така. Значи, кај Ред Бул не станува збор за чекор напред, бидејќи тоа не е дозволено со регулативата."
Неколку дена по изјавата на Тото Волф дека нема да го развиваат тековниот болид, неговиот технички директор, Џејм Алисон го демантираше во изјава за официјалниот сајт на Формула 1.
"Она што Тото го истакнува е дека правилата за следната година се голема работа и тие бараат огромен дел од нашето внимание, и затоа најголемиот дел од фокусот на нашата фабрика е префрлен на болидот за следната година."
"Но, тоа не значи дека се откажуваме од W12, а освен тоа ние сме само една од двете наши фабрики, исто така има ќе има новости и од нашата фабрика каде се изработуваат погонските единици."
"Значи, ќе имаме аеро надградби, малку надградби на ПЕ, можеби не во толкав обем како што сме навикнати, кога сме насочени кон едно нешто, но секако не се откажуваме додека оваа сезона е сè уште во игра."
МЕРЦЕДЕС АМГ ИМА ПЛАН ДА ПРИГОВАРА, ПРИГОВАРА, ПРИГОВАРА
6/29/2021 03:45:00 PM
0
Tags
Share to other apps





