Како повторување на почетокот на комплицираната 2020 сезона, Формула 1 остана во Шпилберг втор последователен викенд, каде се одржа трката за Големата Награда на Штаерска, по што следува Големата Награда на Австрија.
Патеката е сосема иста, 4,3 километри, со само единаесет свиоци, неколку промени во елевацијата и три ДРС-зони, но има неколку разлики. Две од нив се извесни, со тоа што трите гуми на Пирели се со еден чекор помеки смеши од минатиот викенд, и тоа C3, C4 и C5.
Ова значи дека тие што беа жолти гуми на трката за Големата Награда на Штаерска, сега ќе бида бели, црвените стануваат жолти, а црвените се сосема нови со додавање на најмеката смеша што се нуди од единствениот снабдувач, Пирели.
Другата промена е што, откако минатата недела имавме малку публика, овој пат трибините ќе бидат целосно исполнети.
Третата промена е веројатност наместо сигурност, бидејќи се однесува на временските услови, со најава за дожд и поладни температури, што може да го промени редоследот.
На вообичаената средба со медиумите, Карлос Саинц Јр. и Чарлс Леклер се осврнаа на трката од минатата недела, како и на нивните очекувања за Австриското Гран При.
"Мислам дека тоа беше првата трка откако сум во Ферари на која сè одеше точно според планот и секако следниот чекор е да успееме да се квалификуваме како што направивме во Франција", објасни Карлос Саинц Јр. кој стартуваше од петтото место на Пол Рикар.
"Потоа да имаме тркачко темпо како што тоа го направивме на Големата Награда на Штаерска, кога од 12-тата позиција стигнав до шестото место. Имаме помеки гуми, кои ќе треба да ги разбереме, поладни температури, како и прототип гуми кои треба да ги процениме пред да бидат воведени почнувајќи од Силверстоун."
"Значи, ќе имаме доста напорна програма на тренинг сесиите, што исто така ќе вклучува и подобро подготвување за сабота, барем во мојот случај. Знам дека можам подобро од дванаесеттата стартна позиција на последната трка."
Чарлс Леклер: "Пред неколку дена овде, бевме навистина добри, па беше голема штета со инцидентот во првиот круг со Пјер. Мораме да го започнеме викендов врз база на нашето силно темпо на првата трка во Шпилберг за да се справиме со втората на најдобар можен начин."
"Мислам дека му пристапивме на викендот на вистински начин и дојдовме овде со многу податоци што треба да ни помогнат да се справиме подобро во квалификациите, меѓутоа мислам дека нема смисла да се прави премногу компромис во однос на тркачкото темпо за да се освои едно или две позиции понапред на квалификациите. Ќе имаме напорен и интересен викенд."
ФЕРАРИ - СТАРТ ВРЗ ОСНОВА НА МИНАТОНЕДЕЛНОТО ТРКАЧКО ТЕМПО
7/01/2021 09:50:00 PM
0
Share to other apps



