Постудените температури, во комбинација со помеките смеши на Пирели, се чини дека ги приближија до максимум двата тима кои се борат за шампионските титули.
Трите најдобри времиња беа забележани во ист сегмент од сесијата, исти гуми, исти услови, што е добра вест за Мерцедес АМГ. Британецот се покажа како подобар на најмеката C5, а Ферстапен е силен на потврдата C4 смеша.
Но, се разбира, Ред Бул би можело да блефира. Знаме дека, Хамилтон беше најбрз на саботниот тренинг, пред да биде "издуван" на квалификациите. Едно е сигурно, со нестабилните временски услови, викендов би можел да биде супер интересен.
Добрите резултати на Мерцедес АМГ се поткрепени и со извонредниот ден на Астон Мартин, Ленс Строл беше четврти, а Себастијан Ветел петти. Минатиот викенд им недостигаше темпо, нешто кое продолжи и на утринскиот тренинг, по што за време на втората сесија никој не очекуваше дека ќе имаат толку висок пласман.
Следува возачкото дуо на АлфаТаури, Јуки Цунода и Пјер Гасли. Јапонецот успеа да биде побрз од својот тимски колега, АТ02 изгледа брз, а нивна минимална цел за утре ќе биде пласман на двата болиди во Q3, како што успеаја минатиот викенд.
Алонсо, Норис и Џовинаци го заокружија Топ 10 пласманот, со Перез повторно далеку од темпото на неговиот тимски колега и финиш надвор од најдобрите 10. Мексиканецот има уште една сесија за да го подобри своето квалификациско темпо, неговата Ахилова пета оваа сезона.
На возачите им останува само уште една тренинг сесија да го пронајдат вистинкото подесување на своите болиди пред да нападнат во квалификациите закажани за 15:00 часот.
Временската прогноза вели дека и утрешните сесии треба да поминат на сува патека. Секако, Мерцедес АМГ и Ред Бул стартуваат како фаворити за Пол позицијата.
Покрај тоа, тимовите продолжија со тестирање на прототип гумите на Пирели, што се планира да се користат од следната трка во Силверстоун. На крајот од сесијата започна да врне дожд во областа на четвртиот свиок.
Хамилтон излета во чакалот, се врати во бокс, а потоа повторно излезе на патеката. Во последните минути, Ландо Норис излета на тревата откако се изврте во првиот свиок, но можеше да продолжи да се движи.
Инаку од тркачките симулации на Т2, просечното време на тимовите со над 5 круга во еден стинт доаѓаме до следниот заклучок:
ЦРВЕНИ ГУМИ
МЕКЛАРЕН (10) 10.0
АСТОН МАРТИН (12) 10.4
АЛПИН (15) 10.5
ЖОЛТИ ГУМИ
РЕД БУЛ (15) 9.55
МЕРЦЕДЕС АМГ (7) 9.56
ФЕРАРИ (9) 9.8
МЕКЛАРЕН (10) 10.0
АСТОН МАРТИН (12) 10.4
АЛПИН (15) 10.5
ЖОЛТИ ГУМИ
РЕД БУЛ (15) 9.55
МЕРЦЕДЕС АМГ (7) 9.56
ФЕРАРИ (9) 9.8
АЛПИН (10) 10.1
| 2021 ГН АВСТРИЈА - ТРЕНИНГ 2 | |||||
| П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | КРУГ |
| 1 | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:04.523 | 30 | |
| 2 | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:04.712 | + 0.189 | 33 |
| 3 | Макс Ферстапен | Ред Бул | 1:04.740 | + 0.217 | 34 |
| 4 | Ленс Строл | Астон Мартин | 1:05.139 | + 0.616 | 32 |
| 5 | Себастијан Ветел | Астон Мартин | 1:05.268 | + 0.745 | 36 |
| 6 | Јуки Цунода | АлфаТаури | 1:05.356 | + 0.833 | 36 |
| 7 | Пјер Гасли | АлфаТаури | 1:05.379 | + 0.856 | 37 |
| 8 | Фернандо Алонсо | Алпин | 1:05.393 | + 0.870 | 33 |
| 9 | Ландо Норис | Мекларен | 1:05.467 | + 0.943 | 33 |
| 10 | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | 1:05.511 | + 0.988 | 31 |
| 11 | Серџо Перез | Ред Бул | 1:05.516 | + 0.993 | 38 |
| 12 | Естебан Окон | Алпин | 1:05.527 | + 1.004 | 35 |
| 13 | Карлос Саинц Јр. | Ферари | 1:05.620 | + 1.097 | 36 |
| 14 | Кими Раиконен | Алфа Ромео | 1:05.624 | + 1.101 | 32 |
| 15 | Даниел Рикиардо | Мекларен | 1:05.698 | + 1.175 | 31 |
| 16 | Чарлс Леклер | Ферари | 1:05.708 | + 1.185 | 32 |
| 17 | Џорџ Расел | Вилијамс | 1:05.819 | + 1.296 | 35 |
| 18 | Мик Шумахер | Хас | 1:05.911 | + 1.388 | 34 |
| 19 | Николас Латифи | Вилијамс | 1:06.014 | + 1.491 | 37 |
| 20 | Никита Мазепин | Хас | 1:06.173 | + 1.650 | 34 |
| ИСТОРИЈА - ХИБРИДНА ЕРА - РЕД БУЛ РИНГ 2014 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:09.542 2015 Себастијан Ветел - Ферари - 1:09.600 2016 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:07.967 2017 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:05.483 2018 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:04.579 2019 Чарлс Леклер - Ферари - 1:05.086 2020 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:04.304 2020 ШТАЕРСКО ГП - Макс Ферстапен - Ред Бул - 1:03.660 2021 ШТАЕРСКО ГП - Макс Ферстапен - Ред Бул - 1:05.412 2021 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:04.523 |
|||||
| @МкФормула1 - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА @MkFormula1 - REPUBLIC OF MACEDONIA |
|||||





