Берни Еклстоун: "Луис успеа да се врати, па сега мислам дека ќе ја освои титулата. Тој не беше во форма до неделната трка, но потоа го стори токму она што требаше да го стори."
"Хамилтон потпиша двегодишен договор со Мерцедес АМГ. Причината што го стори ова е затоа што Луис не исклучува дека може да потрае дополнителна сезона или две за да го надмине рекордот на Михаел Шумахер за најмногу титули."
"Можам да гарантирам дека инцидентот во првиот круг на Луис му ја врати самодовербата што му недостасуваше во текот на целата година. Сега има поголеми шанси од порано. Последната трка го подобри неговото расположение, а стариот Луис се врати."
Фернандо Алонсо: "Минатата година, кога имав слободно време, ги гледав Формула 1 трките само за да ги гледам настапите на Макс. Тој беше единствениот кој правеше нешто на патеката. Беше очигледно дека Валтери Ботас нема да го изнервира својот тимски колега и ако не се случи ништо невообичаено, тогаш Луис Хамилтон ќе победи на трката."
"Им се восхитувам на фановите на Макс кои толку многу го поддржуваат. Имав среќа што доживеав нешто слично во деновите кога возев за Рено. Не се чувствувам љубоморен, само се восхитувам дека Макс има таква поддршка."
Фредерик Васер: "Ние ќе го направиме избор на нашите возачи во вистинскиот момент за нас. Тимот може да ги задржи моменталните возачи, може целосно да ја промени возачката постава, прашањето останува отворено. Тимот е во удобна ситуација, и оваа состојба е добра и за Антонио и за Кими."
"Ќе продолжам да се придржувам на вообичаениот пристап , ќе ги држам сите под притисок и ќе го надгледувам развојот на ситуацијата на пазарот на возачи. Прво, Мерцедес АМГ ќе донесе одлука, потоа Ред Бул ќе донесе одлука, и во одреден момент на пазарот на возачи ќе има домино ефект, а во таа фаза ќе имаме различни можности за донесување одлука."
ФЛЕШ ИЗЈАВИ НА ЕКЕЛСТОУН, АЛОНСО И ВАСЕР
7/24/2021 08:30:00 PM
0
Share to other apps



