Пролетва, раководството на Формула 1 официјално потврди дека Мајами Гран При-то е вклучено во неофицијалниот календар за 2022 година. Трката во Флорида ќе се вози на нова патека изградена околу Хард Рок стадионот во Мајами Гарденс. Промоторите на оваа трка потпишаа десетгодишен договор со Либерти Медиа.
Во интервју за Форбс, Том Гарфинкл, претседател и извршен директор на Хард Рок стадионот, рече дека изградбата на патеката е во полн ек.
"Во моментов сме зафатени со изградба на патеката за Мајами Гран При-то, која е закажана за следната пролет. Мораме да го изградиме на време, овој процес е веќе во полн ек, и мораме да спроведеме многу сериозен проект."
"Формула 1 брзо се здобива со популарност во САД, рејтингот на ТВ преносите е речиси двојно поголем од минатата година, под силно влијание на документарната серија на Нетфликс, "Drive to Survive"."
"Глобалната публика на Формула 1 може да се спореди со фудбалот, и ние сме среќни што можеме да организираме една од трките овде во Мајами."
"Работиме на овој проект веќе околу четири години. Eнтузијазмот со кој беше примен ги надмина моите очекувања, и веќе сме во пресрет на претстојната трка. Сакавме нашиот спортски комплекс да стане место за возбудливи настани од светска класа."
"И, ако порано на многумина им се чинеше дека се тоа беше фантазија, сега сите се убедени дека навистина ја имавме оваа визија, и нашите планови стануваат реалност."
Според Германскиот АМУС, се шпекулира дека промоторите и организаторите на трката за Големата Награда на Мајами ќе и платат на Формула 1 многу помалку пари од организаторите на другите трки, на пример, во споредба со трката во Саудиска Арабија, која за прв пат ќе се одржи кон крајот на оваа година.
Но, за Либерти Медиа, Америка е престижен и важен пазар, па затоа со години наназад многу се зборуваше за втора трка во САД, но дури сега се појавија условите за нејзина имплементација.
Судејќи според првите фотографии од градилиштето на патеката, таа навистина поминува во непосредна близина на спортскиот комплекс на просторот каде што порано се наоѓаа паркинзи. Но, подетална идеја за тоа може да се добие малку подоцна, кога ќе започне фазата на асфалтирање.
МАЈАМИ СЕ ПОДГОТВУВА ЗА СВОЈАТА ПРВА Ф1 ТРКА
8/23/2021 09:54:00 PM
0
Share to other apps






