Тимот на Алпин го потврди договорот на Фернандо Алонсо за следната сезона. Шпанскиот возач ќе продолжи да се трка со Естебан Окон до крајот на 2022 година.
Фернандо Алонсо: "Многу сум задоволен што можам да го потврдам обновувањето на договорот со Алпин за 2022 година. Во овој тим, се чувствувам како дома, убаво е да се работи со најдобрите инженери во нашиот спорт."
"Сезоната е тешка за секого, но тимот напредува, а резултатот од трката во Унгарија е одличен пример за таков напредок. Се стремиме да добиеме уште поживописни спомени во втората половина од сезоната и се подготвуваме за следната година, кога ќе стапат на сила новите прописи во Формула 1."
"Отсекогаш сум бил поддржувач на еднакви можности за сите учесници, и таквите можности ќе се појават во 2022 година. Со нетрпение го очекувам продолжетокот на сезоната и следната во тимот на Алпин заедно со Естебан."
Лоран Роси, извршен директор на тимот: "Задоволство ни е да потврдиме дека следната сезона Фернандо ќе продолжи да вози за нас заедно со Естебан. Сметаме дека оваа постава на возачи е идеална за нас и една од најсилните во Формула 1."
"Нашите возачи се надополнуваат, тие имаат не само талент и брзина, туку и тимски дух, што ни овозможи да ја извојуваме првата победа во Унгарија. Откако се врати на почетокот на годината, Фернандо Алонсо остави силен впечаток врз нас. Неговата тимска работа и посветеност да го извлече максимум од болидот се на неверојатно ниво."
"Настапот во Унгарија уште еднаш потсети колку е искусен и талентиран Фернандо. Уверен сум дека се уште можеме да извлечеме корист од искуството на Фернандо, кога влегуваме во последните фази на развој на шасијата и погонската единица за 2022 сезоната. Како и ние, Фернандо копнее по успех и прави се за да го направи реален."
"Сега е неопходно да се фокусираме на втората половина од тековната сезона, да го постигнеме максимумот на секоја трка и да го завршиме шампионатот на највисоката можна позиција во пласманот кај конструкторите. Ова ќе ни отвори големи можности следната сезона."
НОВ ДОГОВОР ЗА ФЕРНАНДО АЛОНСО
8/26/2021 11:19:00 AM
0
Share to other apps



