После спектакуларниот кам-бек на Зандворт, Ф1 тимовите ќе се борат на храмот на брзината, патеката Монца. Оваа 2021 година се вози 72-та ГН на Италија, трка што беше дел од секоја сезона во историјата на Формула 1. Исто така, ова е 71-та трка што се одржува во Монца, со единствена друга патека која била домаќин е Имола во 1980 година.
Оваа патека е една од класиците на Формула 1, изградена е во далечната 1922 година. Првотo Италијанското ГП се одржало во 1921 година во Бреша, со Jules Goux како Победник, а потоа во 1922 оваа трка се сели во Монца. Најновата конфигурација на патеката Монца дебитираше во 2000 година.
Оригиналната Монца имала над 10 километри, и од дамнешни времиња го има епитетот за храм на брзината со просечни брзини кои достигнуваат до 250км/ч., додека Максималната брзина надминува 350 км/ч., па растојанието од 300 км се завршува во најкус рок од целата сезона.
Познатиот "Храм на брзината" е вистинскa патека која има потреба од низок отпор и ниска потисна сила, каде што максималната брзина е клучна за добар резултат. Трката честопати се добиваше од Пол позицијата, што ги прави квалификациите особено важни.
На нив доминираше Мерцедес АМГ на двете сесии, редовните и спринт квалификации, но од Пол позицијата ќе стартува Макс Ферстапен со Ред Бул, тим кој не може да се пофали со добри резултати на оваа патека.
Најтешкиот дел за сопирање е првиот свиок, кога болидите од 353км/ч намалуваат до 88км/ч за време од 2.66 секунди и растојание од 135 метри. За да го сторат тоа, од возачите се бара да нанесат товар од 195 кг на педалот на сопирачките и да се подложат на сила од 5.5Г при забавување. Следствено на тоа тука се наоѓа и најдобрата шанса за претекнување.
Временскиот распоред е типичен за Европските патеки и може да го погледнете подетално на следниот ЛИНК.
Најбрзата стратегија на хартија за Италијанското Гран При кое се состои од 53 круга е едно застанување во бокс, со првичен стинт на жолтите гуми, а потоа префрлање на црвените гуми за експлозивен финиш.
Меѓутоа, исто така, префрлањето од црвени или жолти на белите гуми, може да биде многу добра опција во зависност од временските услови, така што сите смеши може да играат важна улога.
Податоците од спринт квалификациите покажаа дека црвените и жолтите гуми се валиден избор како гуми за старт, а тимовите добија витални информации за да го испланираат нивниот настап за време на денешната трка.
Стратегијата со две застанувања во бокс е јасно побавна, но, доколку некој тим се реши да ја употреби, најдобрата варијанта во овој случај ќе биде стинтови во следниот редослед црвени-жолти-црвени гуми. Всушност, можностите се поотворени од вообичаено кога имаме викенд со спринт квалификации, бидејќи никој од возачите не е обврзан да стартува на гумите со кои го забележа најбрзото времиња во Q2 сесијата од квалификациите.
Марио Изола, Пирели: "Беше интересно да се видат и црвените и жолтите гуми на спринт квалификациите, на кои што тимовите имаа слободен избор на пневматици."
"Иако времето за тренинг сесиите е драстично намалено во споредба со вообичаениот викенд, тимовите можеа да соберат добра количина на податоци и за време на спринт квалификациите, кои беа одржани во услови слични на оние што се очекуваат за денешната трка."
"Ранотo излаегување на безбедносниот автомобил им даде одреден одмор на гумите, па црвените гуми имаа подобра изведба од очекуваното, со многу ниски нивоа на деградација и покрај топлото време. За денешната трка очекуваме сите три смеши да имаат валидна улога во тркачките стратегии."

| ГОЛЕМА НАГРАДА НА ИТАЛИЈА СТАРТЕН РЕДОСЛЕД |
|
| 1. МАКС ФЕРСТАПЕН - РЕД БУЛ | |
| 2. ДАНИЕЛ РИКИАРДО - МЕКЛАРЕН | |
| 3. ЛАНДО НОРИС - МЕКЛАРЕН | |
| 4. ЛУИС ХАМИЛТОН - МЕРЦЕДЕС АМГ | |
| 5. ЧАРЛС ЛЕКЛЕР - ФЕРАРИ | |
| 6. КАРЛОС САИНЦ Јр. - ФЕРАРИ | |
| 7. АНТОНИО ЏОВИНАЦИ - АЛФА РОМЕО | |
| 8. СЕРЏО ПЕРЕЗ - РЕД БУЛ | |
| 9. ЛЕНС СТРОЛ - АСТОН МАРТИН | |
| 10. ФЕРНАНДО АЛОНСО - АЛПИН | |
| 11. СЕБАСТИЈАН ВЕТЕЛ - АСТОН МАРТИН | |
| 12. ЕСТЕБАН ОКОН - АЛПИН | |
| 13. НИКОЛАС ЛАТИФИ - ВИЛИЈАМС | |
| 14. ЏОРЏ РАСЕЛ - ВИЛИЈАМС | |
| 15. ЈУКИ ЦУНОДА - АЛФАТАУРИ | |
| 16. НИКИТА МАЗЕПИН - ХАС | |
| 17. РОБЕРТ КУБИЦА - АЛФА РОМЕО | |
| 18. МИК ШУМАХЕР - ХАС | |
| 19. ВАЛТЕРИ БОТАС - МЕРЦЕДЕС АМГ | казна Промена на ПЕ |
| старт од пит-линијата | ПЈЕР ГАСЛИ - АЛФАТАУРИ |
| @МкФормула1 - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА @MkFormula1 - REPUBLIC OF MACEDONIA |
|