Мерцедес АМГ ja потврди возачката постава за 2022 сезоната. Откако Валтери Ботас замина во Алфа Ромео, Џорџ Расел, возач од јуниор школата на Мерцедес ќе биде тимски колега на Луис Хамилтон.
Тото Волф, тимски шеф: "Оваа одлука не беше лесна. Во текот на изминатите пет години, Валтери направи фантастична работа, давајќи значаен придонес за нашиот успех и напредок."
"Неговото партнерство со Луис беше наше важно оружје во борбата за шампионатот и ни овозможи да постигнеме невиден успех. Кога ќе дојде време и тој ќе го напушти нашиот тим, секој од нас ќе му посака се најдобро. Засекогаш ќе остане дел од семејството Мерцедес."
"Денес со задоволство потврдуваме дека Џорџ Расел ќе има можност да го направи следниот чекор во неговата Ф1 кариера и ќе се приклучи на Мерцедес АМГ од следната сезона."
"Тој освои шампионски титули во сите серии, а последните три сезони со Вилијамс ни покажаа дека тој е иднината на Формула 1. Сега нашата заедничка цел е да му помогнеме да продолжи да тренира во нашата средина, заедно со Луис."
"Сигурен сум дека тие ќе бидат силен тандем и ќе имаат корист од Мерцедес АМГ, на патеката и надвор од неа во годините што доаѓаат. Сега, кога товарот на одговорност е отстранет од нашите раменици и објавен сe возачите за 2022 година, целосно ќе се фокусираме на деветте преостанати трки и борбата за Tитулите."
Џорџ Расел: "Ова е многу посебен ден за мене, и лично и професионално. Но, во исто време, доживувам тешки емоции. Воодушевен сум што следната година ќе возам за Мерцедес АМГ, бидејќи тоа е огромен чекор во мојата кариера, но тоа исто така значи дека треба да се збогувам со моите пријатели во Вилијамс."
"За мене е голема чест да работам со секој од овие луѓе, и горд сум што го претставувам Вилијамс во Формула 1. Се приклучив на овој тим во 2019 година, оттогаш работиме неуморно и се обидуваме да го вратиме до нивото кое го заслужува. Се боревме за секоја позиција, за секој бод, за секој десетинка од секундата."
"Колку и да беше тешко, никој не се откажа, и ова ме инспирираше секој ден. Би рекол дека овој тим има срце и душа, и јас уживав во секој момент од нашата соработка. Сега имам намера да нападнам уште поактивно, така што крајот на нашата приказна да биде што е можно подобар."
"Ако зборуваме за следната сезона, тогаш ќе лажам ако не признаам дека веќе со радост ja очекувам. За мене, ова е одлична можност, која што сум подготвен да ја зграпчам со двете раце."
"Мојата цел е да ја оправдам довербата што Тото, тимот и Мерцедес ја имаа во мене. Ќе се обидам да придонесам тоа да биде успешна приказна и сакам да ги направам горди моите нови колеги."
"Воедно ќе учам од Луис што ќе придонесе за мојот развој, не само професионално, туку и како личност. Но, имам уште девет трки за Вилијамс, и сакам тие да станат моите најдобри трки во овој тим. И само тогаш ќе можам да се префрлам на подготовка за 2022 година."
"Голема благодарност до Вилијамс, Мерцедес и сите што ме поддржуваа. Без вас, јас не би можел да го постигнам она што го постигнав."
На социјалните мрежи, Луис Хамилтон го поздрави потпишувањето на договорот со Џорџ Расел: "Сакам да одвојам момент и да го поздравам доаѓањето на Џорџ Расел во нашиот тим. Се сеќавам како го запознав кога беше многу млад и сонуваше еден ден да стане возач во Формула 1."
"Џорџ е одличен пример за сите деца, докажувајќи дека соништата се остваруваат ако се стремите кон нив со целото срце. Со напорна работа, тој со право заработи место во нашиот тим. Со нетрпение го очекувам неговиот континуиран раст во овој прекрасен тим и ќе работам со него за да го подигнеме Мерцедес АМГ на уште повисоко ниво. Се гледаме следната година!"
ЏОРЏ РАСЕЛ Е ИДНИНАТА, ВАЛТЕРИ ЗАМИНУВА ВО ИСТОРИЈА
9/07/2021 10:44:00 PM
0
Share to other apps




