Стефано Доменикали, извршниот директор на Формула 1, за Скај Ф1 даде интервју во кое зборуваше за идните планови и изнесе детали од календарот за следната сезона.
Во 2022 година, шампионатот ќе се состои од 23 трки, но неговото објавување не треба да се очекува пред 15 Октомври, кога ќе биде состанокот на Светскиот Совет на ФИА за мотоспорт.
Новата 2022 сезона ќе започне во март и ќе заврши кон средината на ноември, последен пат сезоната заврши толку рано во 2010 година. Ова е направено со цел да се избегнат преклопувања со Светското првенство во Фудбал, кое се одржува во Катар и кое започнува на 21 ноември.
Стефано Доменикали: "Очекувам дека календарот ќе се состои од 23 трки. Се разбира, ќе ги земеме предвид сите тековни ограничувања усвоени од владите ширум светот во врска со пандемијата. Наша цел е Формула 1 да им даде надеж на сите и да имаме добра сезона."
"Кога составуваме календар, се обидуваме да го најдеме вистинскиот ритам, што го прави погоден од логистичка гледна точка. Без да навлегувам во детали, можам да кажам дека сезоната ќе започне кон средината на март и ќе заврши кон средината на ноември."
"На почетокот на годинава рековме дека сакаме да одржиме три трки со изменет формат, т.е. со Спринт Квалификации. Огромното мнозинство коментари за новиот формат беа позитивни."
"Промоторите се особено задоволни бидејќи новите и важни случувања сега се одвиваат во петок, сабота и недела. Се разбира, ќе ги земеме предвид оние моменти што не ни се допаднаа во новиот формат. Но, генерално кажано, постигнавме неверојатен успех."
"Можам да потврдам дека нема да ги пренесеме сите трки во спринт формат на викендот. Сакаме да го примениме овој формат на една третина од трките и на одредени патеки со цел да го диверзифицираме системот на бодување."
"Ќе ги вклучиме сите заинтересирани страни, радиодифузери, возачи, тимови, промотори и фанови. Не смееме да заборавиме дека нашата улога е да ги земеме предвид сите мислења и да донесеме правилни одлуки."

Share to other apps