Себастијан Ветел, на вообичаените прес-конференции пред почетокот на тркачкиот викенд, зборуваше за спецификите на патеката во Мексико, за можните тимски наредби во Ред Бул и за проблемите со видливоста на трките со дожд.
"Резултатот на трката во Остин малку не изненади, и покрај казната, успеав да имам Топ 10 пласман. Викендов ги имаме истите ривали како и обично, АлфаТаури, Алпин... Нема да биде лесно да се освојат бодови, но имаме шанса."
"Патеката во Мексико е уникатна, болидот е наместен за максимална потисна сила, но поради реткиот воздух, нема добар грип со патеката и многу лизга. Не е лесно да се вози, но сакам ситуации кога треба да се најде лимитот на болидот. Забавно е!"
"Не знам како ќе се развиваат настаните во Ред Бул, но видовме дека едно време од Валтери Ботас беше побарано да го пропушти тимскиот колега. Во принцип, не сум љубител на тимски наредби. Постојат два различни типа тимски наредби."
"Едно е да го претекнете тимскиот колега кога имате поинаква стратегија и можете да ја вратите позицијата за време на трката. Сосема друго е да се попушти, така што вториот возач ќе заработи повеќе поени."
"Иако сето ова е логично и разбирливо, сепак не ми се допаѓаат тимските наредби. Никој не ги сака, но тие се дел од трките."
"Во врска со проблемите со видливоста на трките со дожд, неодамна разговарав за ова со Пет Сајмондс. ФИА има неколку опции за решавање на проблемот. Не е лесна задача, но ме интересира што ќе се случи. Сакаме да се тркаме на дожд, а единственото нешто што не спречува е слабата видливост."
"Ако не можете да видите ништо, не е безбедно да се тркате. Количината на прскање зависи од квалитетот на асфалтот, но невозможно е да се стави најдобриот асфалт на патиштата низ светот. Ова е непрактично и многу скапо. Тоа е губење ресурси, но мислам дека можеме да смислиме нешто подобро во овој поглед."
СЕБ: НЕ СУМ ЉУБИТЕЛ НА ТИМСКИТЕ НАРЕДБИ
11/05/2021 12:15:00 PM
0
Share to other apps
