Италијанскиот парламент го одобри буџетот на земјата за 2022 година, во кој се вклучени неколку членови поврзани со Формула 1.
Според Gazzetta dello Sport, 10 милиони евра годишно до 2025 година ќе бидат доделени на националниот авто клуб ACI за финансирање на две трки во Имола и Монца.
Тоа практично би значело дека двете Ф1 трки ќе добијат одобрување од Италијанската влада за нивно одржување во следните четири години.
Дополнителни 5 милиони евра ќе бидат доделени на Монца во 2022 година, а уште 15 милиони ќе бидат доделени за голема реконструкција , чие завршување е планирано во 2023 година.
Следната година, храмот на брзината ќе ја прослави својата 100-годишнина. Инаугуралната Голема Награда на Италија се одржа во Монца на 10 Септември 1922 година.
ДВЕ Ф1 ТРКИ ВО ИТАЛИЈА ВО СЛЕДНИТЕ 4 ГОДИНИ?!?
12/26/2021 12:23:00 PM
0
Share to other apps
